Достапни линкови

Фејт: Поделбата на Косово, непожелна


Питер Фејт, шеф на Еулекс
Питер Фејт, шеф на Еулекс

Владата на Косово треба да вложи дополнителни напори во приближувањето до Србите, пред се на северот на Косово, како и во врска со владеењето на правото. Тоа е оценката на шефот на мисијата на Европската унија на Косово Питер Фејт искажана во вашингтонскиот Институт за мир. Според него, постојат минимални шанси за поделба на Косово.

Шефот на Еулекс Питер Фејт смета дека властите на Косово со помош на меѓународната заедница направиле многу во изградбата на институциите и во спроведувањето на реформите.

Сепак, како што додаде, требаат уште многу напори пред се, во обезбедувањето помош со цел на Србите на Косово да им се обезбеди ефикасен државен сервис.
Питер Фејт

„Од клучна важност е и заштитата на српските културни и верски објекти за да се зачуваат меѓуетничките односи и да се поттикне развојот на мултиетничкото општество“, изјави Фејт.

Тој и со констатација дека ситуацијата на северот на Косово загрижува поради постоењето паралелни структури.

„Идентификував три црвени линии кога станува збор за северот на Косово. Првата е избегнување и спречување на какво било насилство. Втората е дека нема поделба на Косово и третата е дека не смееме да го оставиме северниот дел на Косово како замрзнат конфликт.“
Идентификував три црвени линии кога станува збор за северот на Косово. Првата е избегнување и спречување на какво било насилство. Втората е дека нема поделба на Косово и третата е дека не смееме да го оставиме северниот дел на Косово како замрзнат конфликт.

Во врска со тоа дали во целост ја исклучува можноста за поделба на Косово, шефот на Еулекс Питер Фејт вели:

„Знаете јас и припаѓам на школата која вели „никогаш не вели никогаш“. Теоретски е можно исходот да биде поделба. Тоа не би го исклучил, но секако не би ја ни фаворизирал таа опција. Сепак, мислам дека шансите за да се оствари тоа се минимални. Постои силен консензус не само на Косово и меѓу европските држави, туку и кај оние членки на Европската унија кои го немаат признато Косово дека поделбата не е пожелна. Исто така не ми јасно што поделбата ќе и донесе на Србија.“

Фејт прецизира дека Белград на таков начин можеби би го добил северниот дел на Косово, но оти потоа останува отворено прашањето со подрачјето јужно од Ибар каде што исто така има српски енклави. Затоа тој изразува надеж дека приказната за поделбата нема да трае уште долго и оти е неопходно свртување кон поконструктивни решенија со цел да се избегне прекројувањето на границите.

„Клучот е интегрирањето на заедниците, а не потрага по моноетнички решенија“, вели Фејт.
Полицаец од Мисијата ЕУЛЕКС во Косово

Според него, советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата нема да го смени ставот на земјите кои ја имаат признато
Независноста на Косово е неповратен факт. Но, ставот на Меѓународниот суд може да ги охрабри Србија и Косово да разговараат за техничките прашања што се однесува до нивните соседски односи.
косовската независност.

„Независноста на Косово е неповратен факт. Но, ставот на Меѓународниот суд може да ги охрабри Србија и Косово да разговараат за техничките прашања што се однесува до нивните соседски односи.“

Шефот на Еулекс исто така не ја исклучува можноста од функционални односи меѓу Србија и косовските Срби, пред се во образованието, здравството и заштитата на културните и верските објекти.
XS
SM
MD
LG