Достапни линкови

Нетранспарентно трошење на народните пари


Најновиот извештај на „Транспарентност Македонија“ нотира забелешки во однос на нетранспарентно трошење на народните пари од страна на Владата, а притоа без да се даде отчет. Извештајот покажува постење на партизиран невладин сектор, нетранспарентни тендери, партизираност на институциите.

Политизација на регулаторни тела, конфликт на интереси, Владата не дава отчет за трошењето на народните пари, се носат избрзани правилници кои подоцна се повлекуваат, а граѓаните се оштетени, има партизација на невладиниот сектор, нетранспарентни тендери... Ова се само дел од забелешките нотирани во априлскиот извештај на невладината Транспарентност Македонија. Извршниот директор на Транспарентност Македонија, Ана Јаневска Делева, вели дека тие нотираат неправилности, предупредуваат за евентуалните последици од
Никој се уште не знае дали се засадија 7,5 милиони садници и исто така и за пописот на население ќе чини 14 милиони евра, двојно повеќе од претходниот попис во 2002 година.
нив, но никој од надлежните не превзема ништо тоа да го реши. Тие забележале дека владата не дава отчет за тоа како се трошат парите од буџетот. Забелешките им се однесуваат на акцијата за пошумување и на пописот на население кој треба да се спроведе наредната година.

„Никој се уште не знае дали се засадија 7,5 милиони садници и исто така и за пописот на население ќе чини 14 милиони евра, двојно повеќе од претходниот попис во 2002 година. Најверојатно, повисокиот број на трошоци се поради двојно поголемиот број на попишувачи односно 20 илјади, за разлика од 2002 година кога учествуваа 11 илјади попишувачи, што ги потикнува сомневањата дека се работи за платен ангажман на зголемен број на партиски кадри.“

Од Владата, пак, велат дека таквите забелешки се паушални оценки кои наликува дека се подготвени во некој опозициски штаб.
Добивме партизирани и строго контролирани институции кои што се пред се потчинети и само го спроведуваат она што од нив го бараат луѓето од власта.


Нетранспатентноста на институциите е нотирана и во извештаите на другите организации кои се занимаваат со борбата со корупцијата. Слаѓана Тасева од Транспарентност Нулта корупција вели дека власта не им помага многу во борбата со корупцијата.
Слаѓана Тасева

„Добивме партизирани и строго контролирани институции кои што се пред се потчинети и само го спроведуваат она што од нив го бараат луѓето од власта, соработуваат кога ние ќе побараме инфорамација, кога ќе укажеме на одредена состојба, на одреден проблем, нема никаква реакција во смисла на корегирање на недостатоците, значи си тереаат по свое.“

И првиот човек на државната антикорупциска Илми Селами неодама во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека е потребна фронтална борба со корупцијата, бидејќи само на таков начин ќе се покажат конкретни резултати.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG