Достапни линкови

По нуклеарниот самит, светот побезбеден


Самитот за нуклеарната безбедност во светот
Самитот за нуклеарната безбедност во светот

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека самитот за нуклеарната безбедност во Вашингтон претставува голем успех. На затворањето на собирот тој изјави дека 47 лидери ја искористиле шансата да обезбедат нуклеарниот материјал никогаш да не дојде до рацете на терористите.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека светот станал побезбеден откако лидерите се согласиле да покренат конкретни мерки на нивните земји за да се отстрани најголемата закана со која се соочува глобалната безбедност. Тој притоа подвлече некои од нив:
Претседателот на САД Барак Обама на прес конференцијата по самитот во Вашингтон

„Сакам да ги потенцирам моите партнери со специфичните обврски што ги направија во врска со овој самит. Дозволете ми да дадам некои примери: Канада се согласи да се откаже од значително количество на високо збогатен ураниум. Чиле се откажа од сите свои залихи. Украина и Мексико објавија дека тие ќе го направат истото. Аргентина и Пакистан најавија нови чекори за зајакнување на безбедноста и спречувањето на шверцот со нуклеарен материјал“, изјави Обама на прес конференцијата по завршувањето на самитот.

Лидерите на дводневниот собир постигнаа договор обезбедување на нуклеарниот материјал во наредните четири години.
Санкциите не се магично стапче. Она што ќе се постигне со нив е да се промени калкулацијата на една земја како Иран дека ќе има повеќе загуба, а помалку корист од спроведувањето на програмата за нуклеарно оружје.

И Обама најави дека Соединетите Држави ќе ја зголемат безбедноста во своите нуклеарни постројки, како и тоа дека ќе дозволи тие да бидат проверувани од меѓународните инспектори за атомска енергија. Како дел од самитот беше и потпишувањето на протоколот меѓу Вашингтон и Москва за отстранување на 68 тони ураниум.

На прес-конференцијата, американскиот претседател апелираше до меѓународната заедница да покрене поцврсти санкции против Иран поради контроверзната нуклеарна програма на таа земја. Обама подвлече дека Соединетите држави се уверени оти во тоа ќе помогнат и Кина и Русија.

„Санкциите не се магично стапче. Она што ќе се постигне со нив е да се промени калкулацијата на една земја како Иран дека ќе има повеќе загуба, а помалку корист од спроведувањето на програмата за нуклеарно оружје. Се надеваме дека тие ќе придонесат за да се донесе вистинската одлука не само за безбедноста и просперитетот на светот, туку исто така и на сопствениот народ“,

Рускиот претседател Дмитриј Медведев по самитот во Вашингтон изјави дека евентуалните санкции треба да бидат насочени против неширењето на нуклеарното оружје, а не против обичните луѓе.

Индискиот премиер Манмохан Синг изјави оти му пренесол на Обама дека бил против нови санкции, бидејќи таквите мерки најчесто ги погодуваат сиромашните. Кина пак, наведувајќи дека е подготвена да разговара за новите идеии за решавање на иранското прашање повтори дека предност и надаму му дава на дијалогот.

За разлика од нив, францускиот претседател Никола Саркози изјави дека Обединетите нации би требало да воведат нови санкции против Иран не подоцна од идниот месец. Инаку, наредниот самит посветен на нуклеарната безбедност на светот ќе се одржи во 2012 година во Јужна Кореја.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG