Достапни линкови

Масовни протести?


Протести на ССМ
Протести на ССМ

Незадоволството меѓу работниците се ближи до точката на вриење и не се исклучуваат можни масовни протести, најавуваaт од Сојузот на Синдикати на Македонија. Според експертите Синдикатот можеби нема моќ да ги реши проблемите на работниците, но сигурно може да организира протести како дел од нивното демократско право.

Народот е незадоволен и се ближи точката на вриење, одговараат од Сојузот на синдикатите на Македонија на прашањето дали после дваесетти овој месец има шанси да избијат масовни протести. Ескпертите, од дуга страна, велат дека Синдикатот нема моќ да ги реши проблемите на работниците, но сигурно има моќ да организира демонстрации, кои се сметаат за дел од демократските права. Портпаролот на ССМ Милан Живковиќ вели дека состојбите во македонското стопанство се влошуваат:
Најавите за протести од претседателот Муратовски беа во контекст на тоа дека работниците се незадоволни, како во приватниот сектор, со губењето на работните места во индустријата


„Најавите за протести од претседателот Муратовски беа во контекст на тоа дека работниците се незадоволни, како во приватниот сектор, со губењето на работните места во индустријата, во текстилната индустрија така и во јавната администрација со последните измени на предлог законот за јавни службеници.“

Од ССМ за сега нема потврда дека по дваесетти овој месец ќе има протести. Живковиќ единствено вели дека состојбата со работниците во земјава е стигната до точка на вриење:

„Затоа се тие најави за протести, затоа што нашиот народ трпи, трпи, но сепак има една точка на вриење којашто ако се достигне нормално ќе биде незадоволен.“

Останува и неодговорено прашањето дали веќе најавените масовни демонстрации навистина ќе бидат масовни ? Професорот по трудово право Осман Кадриу одговара дека синдикатот реално нема моќ да ги реши проблемите во стопанството, но има моќ да организира протести:
Само од аспект на моќта за организација, сметам дека може таа негова улога да се оствари и сигурно е дека ќе се приклучат работниците, па и граѓаните

„Само од аспект на моќта за организација, сметам дека може таа негова улога да се оствари и сигурно е дека ќе се приклучат работниците, па и граѓаните за овие појави што ги имаме во нашата економија која е мошне слаба, сиромашна и сиромашно стопанство.“

Кадриу констатира дека состојбата во македонската економија е лоша, посебно во поглед на работничките права:

„Во одделни претпријатија, во одделни правни лица се мошне тешки. Имаме категорија на работници кои што имаат статус на стечајни работници, со сериозни повреди на нивните права и фактички без права на работен однос.“

Инаку во изминатиов период пред владата протестираа кооперантите на млекарата „Сведмилк“ и кумановските стечајци.
XS
SM
MD
LG