Достапни линкови

Бизнисмените и владата за антикризните мерки


Владата подготвува нови анти кризни мерки
Владата подготвува нови анти кризни мерки

Претставници на бизнис заедницата во Македонија денеска се на состанок во Владата. Бизнисмените разговараат за четвртиот пакет антикризни мерки кои доцна попладнево е предвидено да се разгледува на Владина седница.

Извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов вели дека до владата се доставени 24 предлог мерки а денешниот состанок, меѓу другото, ќе се фокусира на казнените мерки за приватосопствениците.

„Конкретно, поместувањето на терминот за плаќање на ДДВ од 15-ти на 25-ти беше наш предлог, на Сојузот на стопански комори. Исто така, ние бараме од 15-ти да се помести и делот на придонеси во бруто платата до крајот на месецот. Во делот на функциите на инспекциските служби, нашето барање беше инспекциите да имаат три функции, информативна, едукативна и потоа санкциона.“
Анти кризните мерки кои беа промовирани од владата, не даваат резултати. Извозните претпријатија бележат слаби резултати, а сето тоа се одразува и на прибирањето на ДДВ-то и полнењето на буџетот.

Стопанствениците не се против казнените мерки, посебно поради тоа што со казни се придонесува за намалување на нелојалната конкуренција, вели Алексов и додава:

„Меѓутоа, сметаме дека инспекциската служба треба прво да има информативна функција, прво да го извести, да направи записник, да го опомене правниот субјект или компанијата, да му даде одреден рок да го попорави тоа што не е во ред и доколку тоа не е поправено тогаш да следи санкција.“

По состанокот со бизнисмените, Владата ќе заседава за донесување на четвртиот пакет антикризни мерки. Приватосопствениците веќе неколкупати посочија дека претходните пакети значително не ја подобриле економската клима во земјава. Бизнисменот Ристо Гуштеров вели дека и покрај веќе промовираните антикризни мерки, бизнисот и понатаму се соочува со проблеми

„Анти кризните мерки кои беа промовирани од владата, не даваат резултати. Извозните претпријатија бележат слаби резултати, а сето тоа се одразува и на прибирањето на ДДВ-то и полнењето на буџетот.“

На македонската економија и се потребни поагресивни мерки, додава Гуштеров

„Мислам дека треба да се оди со поагресивни анти кризни мерки. Давање бенефиции на извозните претпријатија и треба да се размислува за менување на монетарната политика во однос на доларот, кој ќе помогне за многу претпријатија кои извезуваат на доларско подрачје.“

Инаку, дел од бизнисмените кои учествуваа во изработката на предлозите за новиот пакет мерки претходно посочија дека овој пат се предлага директно вбризгување на капитал во приватниот сектор или поголеми олеснувања.
XS
SM
MD
LG