Достапни линкови

Македонското здравство со хронични болести


Луѓе пред Инфективната Клиника во Скопје
Луѓе пред Инфективната Клиника во Скопје

Некои од здравствените работници еден од начините за решавање на проблемите со кои се соочува здравствениот систем во Македонија, го гледаат во реформирањето на здравственото осигурување. Во приватното здравство услугите се достапни само за богатите и таквата политика треба да се промени, како резултат на планирана здравствена стратегија, велат експертите.

Со просечните 160 до 180 евра колку што по глава на жител кај нас се издвојуваат средства за здравствена заштита, осигуреникот може да смета на целосна заштита од дијагностика до операција и лекови. Покрај ова мора да се смета на допнителни трошоци за партиципација. Кој сака најсовремена терапија која е многу поскапа од стандардната, а не е вклучена на позитивната листа ќе се истроши и за лекови. За многу процедури мора да се чека, а според проценките на некои експерти покрај просечните 160 до 180 евра колку што има за лечење осигуреникот во просек според бројот на жители плаќа плус од педесет до осумдесет евра минимум за здравствена услуга.

,,Тоа е индивидуално, зависи кај кого ќе одите. На пример кај една докторка што сум закажувала, ми рекоа дека работи со здравствени
Еве сега одам да купам лекарства. Ние со мажот ми заедно сигурно околу 2000 до 3000 денари месечно најмалку не чинат препаратите
картони, но над 1000 денари ќе треба да платам за ЕКГ, а во јавното здравство е пониско, до 300 денари."

Слика од главната болница во Прилеп
,,Операција платив и релативно многу малку. Операција на жолчка околу 2000-3000 денари, така што задоволна сум."

,,Една компјутерска томографија да речеме да направиш е 400 денари, а ехо на срце е 400 денари, а плус прегледите."

,,Еве сега одам да купам лекарства. Ние со мажот ми заедно сигурно околу 2000 до 3000 денари месечно најмалку не чинат препаратите."

Во јавното здравство цената по која се лекуваат пропишаните дијагнози е утврдена според ценовникот на Фондот за здраствено осигурување за услугите кои се даваат во болниците согласно дијгностички сродните групи или Ди Ер Џи. Според тој ценовник Фондот ги плаќа услугите или барем би требало да ги плаќа односно ние имаме ценовник, но сеуште во пракса не е поврзано плаќањето кон болниците во однос на остварените услуги туку болниците се финансираат врз основа на историски буџети, вели Владо Лазаревик од Институтот за социјална медицина.

,,Овие цени кога би ги споредиле со цените во приватните болници се пониски. На пример обично породување во приватна болница би се движело некаде од 60 000 до 67 000 денари во зависност од болницата, што значи дека цената која што ја утврдува нашето здравство, односно Фондот за здравствено осигурување е речиси три пати помала, од цената што ја утврдува приватното здравство. Тие дури и да добијат рефундирање на цената би требало да платат двапати повеќе за одредена услуга."

Буџетите на болниците и здравствените установи, главно за плати

Но, друго е прашањето дали овие цени што ги има утврдено Фондот се реални поради тоа што голем процент од парите што се издвојуваат во државните болници практично се неефикасно искористени и се одаваат на плати и дополнителни трошоци во одржување на инфраструктурата и опремата која е стара. Дека преку ноќ не може да се применува ценовникот со кој услугите се даваат согласно дијагностичките сродни групи се согласува и професор Др Кирил Лозанче:

,,Тоа е многу добро замислено теоретски и во некои земји спроведено, меѓутоа мора да се признае дека се исплатат услугите по Ди Ер Џи треба да е многу побогата земја од нашата, значи мора да имате финансиски средства на располагање. Инаку на овој начин како што мислиме кај нас со нашиве средства, тешко дека може да се спроведе Ди Ер Џи."
Фондот за здравство денеска функционира со 300 милиони евра, Клиничкиот центар во Љубљана на пример има годишен буџет од 600 до 700 милиони евра, вие сакате со 300 милиони да направите услуга од која што сите ќе бидат задоволни и воедно да биде врвна услуга


Според планираниот концепт новиот начин на лекување според дијагностички сродни групи треба да воведе ред во Клиниките. Здравствените власти пред неговото воведување излегоа со податоци дека се правеле нереални трошоци со големи разлики во цените за иста интервенција односно дека се случувало на пример за породување да биде испорачана цена од 100 или 200 илјади денари. Во министерството за здравство исто така тврдат дека нема да се оди под минимумот што го предвидуваат најсовремените протоколи за лекување. Здравствената заштита оваа година ќе не чини 19,2 милијарди денари што е значително помалку од лани. Во сите здравствени системи се наметнува прашањето до која мера државата треба да ја финансира здравствената заштита, а тоа во исто време е и голема морална дилема . Здравствената заштита и во светот станува се поскапа. И ние би сакале овде да се примнуваме само најсовремена терапија но дали ние со 180 евра годишно по жител за лекување може да имаме исти стандарди како земјите кои имаат по илјадници евра по жител, коментира Проф Др Горги Оровчанец:

,,Фондот за здравство денеска функционира со 300 милиони евра, Клиничкиот центар во Љубљана на пример има годишен буџет од 600 до 700 милиони евра, вие сакате со 300 милиони да направите услуга од која што сите ќе бидат задоволни и воедно да биде врвна услуга."

Метеж во болничките ходници?
Со буџетот кој се применува кај нас сите здравствени работници без разлика на обемот на работата имаат загарантирана плата. Ако се гледаат официјалните податоци каде се расчленува колкав е делот кој ќе оди на плати ќе излезе дека помлаку од 60 проценти од вкупниот буџет се издвојуваат за плати. Мегутоа ако се навлезе во структурата на буџетот на одделните здравствени установи како што се болниците ке се види дека во зависнот од болницата процентот на плати некаде е многу повисок и изнесува дури и до 80 проценти, вели Лазревик:

,,Секаде во светот при обезбедувањето на здравствената услуга најскапиот дел е работната сила, значи тоа не е само во Македонија, меѓутоа процентите што се одвојуваат за плати во другите земји не се движат повеќе од 30 до 40% од вкупниот здравствен буџет на здравствената установа."
Кога е во прашање здравјето се забораваш и пари и мака и се

Фактурите кои здравствената установа им ги праќа на Фондот во суштина само ги оправдува парите кои установата ги добила и не ја искажуваат точната цена на здравствената улсуга зошто тоа се само трошоците за зафатот, медицинскиот и потрошниот материјал. Во таа цена не е вклучена работата на лекарот или амортизацијата на апаратите

,,Но, кога е во прашање здравјето се забораваш и пари и мака и се. Ја сум инаку од Битола, барав операција на хернија и ми рекоа ако сакаш да бидеш опериран толку пари, никаква гаранција не ти даваат, а ти викаат да ти продадат мрежичка 400 евра, си платив приватно, ама поштено завршија. Значи ме фати околу 500 евра операцијата."

И лекар и економист на чело на болниците, а повторно долгови

Од пред три години здравствените установи ги водат еден лекар и еден економист. Системот на вразани садови требаше да ја зголеми контролата на работење. Пред една година на здравствените институции им беа отпишани долгови од околу 80 милиони евра меѓутоа се направија нови од 11 милиони евра. Минстерството анализра зошто се задолжиле болниците, дали во услови на ограничен буџет може успешно да се менаџира со болниците или ваквото функционирање на јавното здравство е врзана низа. За едни влијанието на политиката во текот на транзицијата е една од главните причини за состојбите во кој се наоѓа здравството. Во приватното здравство засега услугите се реално достапни само за побогатите граѓани, и потребно е таквата состојба да се промени не како резултат на одлука на Уставен Суд, туку како резултат на планирана здравствена политика и стратегија, оценува Лазаревик. Државата треба да профитира од развојот на приватниот здравствен сектор со неопходно прифаќање на приватниот здравствен сектор како реалност.
Кога Фондот би склучил договор со приватната болница тој би можел да договори пониска цена за таа услуга и ние не би биле изложени на толкав трошок, туку само на дел од тој трошок. Тоа би морало да доведе до еден процес на целосна деполитизација на државните установи која што според мене е клучен фактор за проблемите со кои се соочуваат државните болници


Медицински персонал
,,Кога Фондот би склучил договор со приватната болница тој би можел да договори пониска цена за таа услуга и ние не би биле изложени на толкав трошок, туку само на дел од тој трошок. Тоа би морало да доведе до еден процес на целосна деполитизација на државните установи која што според мене е клучен фактор за проблемите со кои се соочуваат државните болници."

Бројот на населебието што ги користи услугите на приватното примарно здравство е многу поголем.Во мегувреме владата најави влез на опрема во здравството во вредност од 68 милиони евра која во најголем дел ке пристигне во текот на оваа година и е дел од инвестицискиот циклус во здравството кој според вкупната вреднсот во наредните две години надминува 200 милиони евра. Др Кирил Лозанче нагласува дека приватното здравство може да го помага системот но дека глвниот товар треба да лежи во јавното здравство

,,Приватното здравство неможе никогаш да гледа за широките народни маси, главниот товар на здравствениот систем лежи на јавното здравство, а неможе да лежи на приватното здравство. Тоа може евентуално само да помага во системот, без добро јавно здравство не постои добар здравствен систем, никаде во светот, па дури ни кај нас. Мислам дека она што кај нас треба да се реши е реформа во начинот на осигурување на пациентите."

Потребни се радикални реформи, ама.....

За да се решат проблемите кои се хронични во државниот здравствен систем, потребни се радикални реформски чекори за кои е потребно да се изгради широк фронт на поддршка Денес треба да се финализира приватизацијата во здравствените домови, да се рационалира и редукцира државниот болнички здравствен систем, да се трансформираат болниците во трговски друштва со вистинска автономија и да се постигне нивна целосна деполитизација. Потребни се низа мерки кои се политички непопуларни што всушност е и основна причина зошто истите не се спроведуваат велат лекарите.Проф Др Тихомир Крцковски поранешен директор на Клиничкиот центар сугерира паралелен фонд:

,,Имате ситуација да на една здравствена книшка се лекуваат по 6 до 7 луѓе, тоа Фондот тешко може да го издржи. Мора да се направи конкуренција во фондовското осигурување, мора приватни фондови, затоа што вие имате основен пакет, но луѓето кои што ќе се осигураат таму нема да одат во ,,кеш" да плаќаат по приватните болници, може тоа јавното здравство да го понуди екстра."

Инаку во јавното здравство на пример трансплатација на црн дроб чини 6 000 денари, мултиплекс склероза изнесува 4 200 денари, хроничните заболувања на дишните патишта чинат од 1 800 до 2 000 денари, бронхитис и асма 1 200, а радиотерапијата чини 1 700 денари. Во меѓувреме дел од кадарот од Клинички најавуваат заминување во приватното здравство, а во Министерството во тоа не гледаат проблем затоа што на тој начин ќе се отворат работни места за нови кадри. Дел од лекарите предупредуваат дека не е лесно да се оформи кадар и дека за тоа е потребно најмалку 15 годишно искуство. Процентот на корисници кои што ги користат услугите на примарното здравство засега е прашање на претпостаква, но истиот може да се процени кога ќе се видат обемите на буџетите што го имаат приватните болници, од кој нависокиот што го имаат изнесува 9, 5 милиони евра годишен здравствени буџет, додека оние кои имаат помал број на пациенти имаат годишен буџет од околу 5 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG