Достапни линкови

Балкански фолклор или реална опасност?


Претседателот на Собранието на Косово, Јакуп Красниќи изјави дека, ако Србите од северно Косово мислат дека можат да се одделат, треба да знаат дека и Албанците од Прешеската долина се подготвени да се приклучат кон Косово. Во Белград ова се смета за повик за војна. Која е реалната можност од нови конфликти и прекројување на границите?

Аналитичарите се согласуваат дека меѓународната заедница нема да дозволи да дојде до нови прекројувања на границите на Балканот кои не би поминале без нови крвопролевања, од кои веројатно не би била поштедена и Македонија.
Тоа е сепак само дел од вообичаениот фолклор што го познаваме на Балканот. Секогаш кога една страна ќе се закани и ќе најави можно отцепување, тогаш се настапува со реториката дека и други имале што би се приклучиле на некоја од етнички хомогените територии.


Професор Ѓорѓи Спасов вели дека опасноста од прекројување на границите не е реална.

„Тоа е сепак само дел од вообичаениот фолклор што го познаваме на Балканот. Секогаш кога една страна ќе се закани и ќе најави можно отцепување, тогаш се настапува со реториката дека и други имале што би се приклучиле на некоја од етнички хомогените територии. Оттука, не треба да се зема како реална закана, затоа што тоа е нешто што имаме навикнато и станува дел од нашето балканско секојдневие.“

Од друга страна, поранешниот амбасадор Махи Несими вели дека ако Србите од северно Косово се одделат, реално е Албанците од Прешевската долина да сакаат да се припојат кон Косово. Тоа не би поминало без крвопролевања и затоа меѓународната заедница нема да го дозволи тоа, вели Несими.

„Меѓународната заедница нема да дозволи поделба на Косово, затоа што има поставено три големи не, а тоа се: нема поделба на Косово, нема спојување на Косово со Албанија и нема враќање на состојбата пред 1999 година.“

Сличен став има и Спасов, кој иднината на регионот ја гледа во Европската унија.

„Сето она што се случува на Балканот е во рамки на подготовките за приклучување во НАТО и ЕУ. Сите идеи кои водат кон такво нешто ги оневозможува државите во спроведувањето на нивните најважни цели.“

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон неделава, во интервју за Фајненшл Тајмс, го посочи Косово како еден од најголемите предизвици на надворешната политика на Унијата.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG