Достапни линкови

Интегрирање на северно Косово?


Меѓународната управувачка група за Косово на состанокот во Виена го разгледува мандатот на шефот на цивилната мисија на Косово Питер Фејт кој пред две години дојде на таа функција, како и неговата стратегија за интегрирање на северно Косово. Белград не ги признава одлуките на оваа група и го предупреди Фејт дека со ваквите потези ризикува дополнителна нестабилност.

Портпаролот на владата на Косово Мемљи Красниќи по состанокот во Виена изјави дека Меѓународната управувачка група ги поддржала настојувањата на Косово да ги спроведе стандардите неопходни за европската интеграција.

,,Владата на Косово доби силна поддршка за ангажирањето кое се однесува на европската интеграција и либерализацијата на визите а стана збор и за стратегијата за северот на Косово“ рече Красниќи
Тоа е важно, бидејќи за прв пат меѓународната заедница испраќа јасна порака дека нема поделба на Косово и оти е сериозна во врска со интеграцијата на северот ...


Меѓународната управувачка група ја сочинуваат претставници на министерствата за надворешни работи на 25 земји кои ја признаа косовската независност. Нејзина задача е периодочно да го проценуваат остварувањето на пакетот на посредникот Марти Ахтисари за статусот на Косово, а во тие рамки и за мандатот на Питер Фејт.

Тој како надлежен има право да интервенира доколку нешто не е во согласност со планот на Ахтисари. За него ќе се разговара и на состанокот на Советот на министрите на Европската унија задутре во Брисел, бидејќи неговиот мандат му истекува кон крајот на месецот. Директорот на косовскиот институт за политички истражувања Илир Деда смета дека во овој момент е најважно да се разговара за стратегијата за северно Косово:

,,Тоа е важно, бидејќи за прв пат меѓународната заедница испраќа јасна порака дека нема поделба на Косово и оти е сериозна во врска со интеграцијата на северот“ изјави Деда.

Оваа стратегија, како впрочем и сите одлуки на Меѓународната управувачка група, се неприфатливи за официјален Белград, како и за србите од косовскиот север.

,,Таа група Србија не ја признава. Таа е нелегална. Со самото тоа сите нивни заклучоци се неважечки“, изјави за Радио Слободна Европа потпретседателот на владата на Србија Божидар Ѓелиќ.

Неодамна Питер Фејт ја претстави стратегијата за враќање на северниот дел на Косово под надлежност на приштинските власти. Со неа се предвидува примена на
Таа група Србија не ја признава. Таа е нелегална. Со самото тоа сите нивни заклучоци се неважечки...
законите на Косово во зоната околу Косовска Митровица, како и формирање нова општина Северна Митровица до средината на оваа година. Предлогот направен во координација со косовскиот премиер Хашим Тачи предизвика тензии меѓу косовските срби.

,,Фејт и оние што го поддржуваат неговиот план мораат да бидат свесни на фактот дека меѓу србите на северот нема да најдат подобна личност за остварување на овој опасен план. Но тие ќе сносат одговорност за последиците што ќе настанат ако се обидат да го спроведат“ изјави Звонимир Стевиќ од Координациониот одбор за Косово и Метохија, прецизирајќи дека во таков случај не се исклучува и можноста од немири и ексцеси кои ќе ја дестабилизираат ситуацијата.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG