Достапни линкови

Нови поттици за решение на прашањето за името


Премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу
Премиерите на Македонија и Грција, Груевски и Папандреу

Нови пораки и поттици прашањето за името да биде решено што побрзо по минхенските средби викендов на шефот на државата со заменикот на државниот секретар на САД Стајнберг. Оптимистички изјави и од шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос - можно е решение на спорот и датум за преговори во текот на шпанското претседателство

Со очекување да се забрза динамиката на преговорите и до јуни да се дојде до решение. Македонија тоа го прифаќа како желба на нејзините пријатели и сојузници да се придвижат работите нанапред, изјави минисетрот за надворешни работи, Милошоски, повторувајќи уште еднаш дека решението сепак не зависи само од Македонија.
Треба да се искористи моментот од овие два фактори, но повторно јас се сомневам дека нашата раководна гарнитура има способност да ги искористи моментите. Треба да се тргне од основната формула, Македонија да престане да провоцица, а Грција да престане да блокира.

Во меѓувреме оптимистички изјави од страна на шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос. Можно е решение на спорот и датум за преговори во текот на шпанското претседателство а шпанското претседателство ќе се обиде да им даде нов поттик на разговорите. Ако е потребна помош од ЕУ или од шпанското претседателство, тогаш ние тоа и ќе го сториме, изјави Моратинос во Брисел најавувајќи и посета на Скопје која би ја содржела ваквата порака.

Иако официјално можностите за посредништво на ЕУ во спорот, за Брисел се неприфатливи, освен во форма на конструктивен притисок кон двете страни, неодамна и финскиот министер за надворешни работи Александар Стуб при посетата на Скопје изјави деке поддржува некакво конкретно учество на најголемите земји членки во рамките на унијата.

Очигледно е дека ЕУ би сакала да помогне во разрешување на ирационалниот спор којшто блокира одредени процеси коишто се однесуваат на Унијата, вели политикологот Здравко Савевски иако и според него таа помош би била во форма на притисок.

„Треба да се искористи моментот од овие два фактори, но повторно јас се сомневам дека нашата раководна гарнитура има способност да ги искористи моментите. Треба да се тргне од основната формула, Македонија да престане да провоцица, а Грција да престане да блокира.“

Економската криза во Грција според Савевски треба да биде дополнителен поттик за Македонската страна да одговори на заинтересираноста на ЕУ во овој период да се дојде до решение со оглед на тоа што таа би била можеби и поподложна на притисоците да се направи компромис. Во врска со прашањето за името деновиве и грчката дипломатија ги интензивира активностите. Пред средбата со македонските претставници, Стајнберг се сретна со алтернативниот шеф на дипломатијата Друца кој веднаш потоа имаше средба и со генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун кого што го уверувал дека решение з аомето може да се зиајде но доколку и македонската страна има поконстурктивен пристап. Сепак дури и најавите на поголем ангажман од меѓунарониот фактор, и натаму силно се поддржува барањето решение во рамките на ООН. Новата рунда преговори под медијаторство на Нимиц се најавува за крајот на овој месец.
XS
SM
MD
LG