Достапни линкови

САД: буџет со поголеми трошоци за војни и работа


Американскиот претседател Барак Обама го претстави предлог буџетот за следната година кој изнесува 3,8 билиони долари со што националниот долг се зголемува со нови трошоци. Според образложението, тоа е со цел да се отргне економијата од летаргија и да се намали двоцифрената стапка на невработеност во земјата. Обама бара и зголемување на расходите за Ирак, Авганистан и Пакистан.

Во предлог буџетот за 2011 година кој сега оди на разгледување во Конгресот се трошат 1,66 билиони повеќе од она што би се земало од даночните приходи. Колку за споредба, предлог буџетот за оваа година е 3,8 билиони, во минатата година тој изнесуваше 3,7 билиони, додека последниот буџет предложен од претседателот Џорџ Буш изнесуваше 3.5 билиони долари.

Претседателот Барак Обама им објасни на новинарите дека во, како што рече, обични времиња, и тој ќе се подготвел буџет со кој се намалуваат трошоците и дефицитот.

„Тоа е буџет што ги одразува сериозните предизвици со кои се соочува земјата. Ние сме во војна, нашата економија загуби седум милиони работни места во текот на последните две години, а нашата Влада е длабоко во долгови по она што може да се оцени само како деценија на разврат и на несовесна потрошувачка.“

За високиот национален долг, Обама ги обвини неговиот претходник во Белата куќа и поранешните состави на Конгресот кои, како што
Време е и за Вашингтон да важат истите стандарди што важат и за семејствата и бизнисот. Ова е време да спасиме што можеме, да го трошиме она што мораме и повторно да почнеме да живееме разумно ...
изјави, дозволиле нови трошоци без да најдат начини како да ги платат.

„Во текот на изминатите десет години, претходната администрација и претходните конгреси создадоа нова скапа програма за лекови, дозволија масовно намалување на даноците за богатите и финансираа две војни без да плаќаат за сето тоа. Тоа доведе до рецесија и до покачување на трошоците за здравствено осигурување.“

Во предлог буџетот се предвидуваат 100 милијарди долари за борба против невработеноста во земјата чија стапка изнесува 10 насто. Парите ќе одат на даночни стимуланси за отворање нови работни места. Во буџетот се предвидува и намалување на трошоците за сто и дваесет федерални програми.

„Време е и за Вашингтон да важат истите стандарди што важат и за семејствата и бизнисот. Ова е време да спасиме што можеме, да го трошиме она што мораме и повторно да почнеме да живееме разумно.“

Обама не заштити од буџетската секира ни некои од неговите програми. Имено, намалени се средствата за проектите за климатските
Обама го претставува предлог буџетот за 2011
промени, за реформата во здравството, за мисиите на Месечината. Такво стегање на ременот ќе нема во Стејт департментот и во министерството за одбрана. Обама побара 192 милијарди долари за воени трошоци, а најмногу од нив ќе одат за распоредување на 30 илјади американски војници во Авганистан. Буџетот на министерство за одбрана е зголемен за 3,4 насто, што е за 18 милијарди долари повеќе од минатата година. Исто така се зголемува и буџетот за Стејт департментот од ланските 51 милијарда, на 57 милијарди долари.
Буџетот што го предложи Обама ќе биде разгледан од двата дома на Конгресот, кој може да менува или да одбие секој од него, пред да биде ставен на гласање. Доколку биде одобрен, буџетот како закон се враќа кај претседателот кој треба да го потпише или да го одбие бидејќи има право на вето. Воените трошоци не се очекува да предизвикаат поголеми контроверзи, но опозиционите републиканци веќе изразија негодување за предложените даночни зголемувања и за, како што велат, недостигот на мерки за намалување на дефицитот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG