Достапни линкови

НАТО мора да се прилагоди на новата реалност


Медлин Олбрајт
Медлин Олбрајт

Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт деновиве претседаваше на конференцијата во Прага посветена на редефинирањето на мисијата на НАТО во 21 век. Притоа високо на списокот се најдоа: зајакнување на членот 5, односно на клаузулата за колективна одбрана и мисиите на НАТО со цел подобра заштита на своите земји членки.

Поранешниот американски државен секретар Медлин Олбрајт вели дека сега е време НАТО да ги обнови своите заложби за поголема безбедност на своите членки во се поопасниот свет. Олбрајт раководи со панелот експерти задолжени да изготват нов стратегиски концепт на НАТО што ќе се разгледува на самитот на Алијансата во април 2010 година во Лисабон. Откако ќе биде одобрен, тој документ ќе ги содржи клучните приоритети на НАТО.

,,Последниот стратегиски концепт беше направен во 1999 година и беше пред приемот на новите земји и пред 11 септември 2001, односно нападите врз Америка. Мислам дека Алијансата која е 60 години стара бара своевидно обновување на заложбите.,,

Ремонтот на стратегискиот концепт на НАТО доаѓа во време кога новите членки на сојузот, главно поранешни советски сателитски држави во Источна Европа, се повеќе и повеќе се загрижени од новата наметлива Русија. Поточно постои растечка загриженост, особено во Полска и балтичките држави, дека НАТО, особено на неговите источни граници остануваат незаштитени.
Мислам дека ова е дел од создавањето на стабилност која е неопходна во 21 век, не само за членките на НАТО, туку и за другите земји...

Во Источна Европа постои загриженост дека член 5 од повелбата на НАТО, кој го обврзува целиот сојуз да застане во одбрана на еден член, кој е нападнат, нема да се однесува за Русија доколку таа тргне против еден од нејзините вазали во поранешниот Варшавски пакт. Во јули, група истакнати интелектуалци од Источна Европа, меѓу нив и поранешните претседатели на Чешка и Полска Вацлав Хавел и Лех Валенса, објави отворено писмо до американскиот претседател Барак Обама во кое ги искажуваат своите страхувања од се поагресивните ставови на Русија, но и од ослабеното НАТО.

"НАТО денес изгледа послаба Алијанса од тогаш кога и се приклучивме,, беше наведено во писмото. Олбрајт тоа во Прага се обиде да го ублажи, повторувајќи ги значењето и веродостојноста на членот 5, но и важноста на подобрувањето на односите со Москва. Таа исто така, оцени дека мисиите на НАТО, надвор од обласата на надлежноста на Алијансата се од витално значење за безбедноста во светот:

,,Мислам дека ова е дел од создавањето на стабилност која е неопходна во 21 век, не само за членките на НАТО, туку и за другите земји.,,

Изјави Олбрајт наведувајќи дека НАТО како најмоќна воена алијанса во историјата треба да се прилагоди на брзото менување на светот на кој, како што рече, и натаму оваа организација ќе му биде неопходна.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG