Достапни линкови

Интензивирани напади врз активисти за човекови права


Владите кои и порано беа посочени за сериозни нарушувања човековите права, во минатата година ги интензивираа нападите врз луѓето и организациите кои работат во документирањето на злоупотребата на човековите права. Ова е заклучокот на 20 годишен Извештај на Хјуман Рајтс Воч за почитувањето на човековите права во светот.

Хјуман Рајтс Воч го искористи својот најнов извештај да побара од владите да направат се почитувањето на човековите права да стане централен дел на билатерлните односи на земјите во светот. Тоа, според оваа организација со седиште во Њујорк, е единствениот начин да се намали интензитетот на нападите врз активистите за човекови права што е забалежан во текот на минатата година:

,,Делумно како резултат на зголеменото влијание на меѓународното движење за човекови права гледаме интензивирање на нападите и врз бранителите и врз организациите кои се обидуваат да ги унапредат и да ги заштитат човековите права. И тоа е тренд во многу делови од светот, од поранешниот Советски Сојуз до Иран.,,

Вели Ијан Ливајн, директор во Хјуман Рајтс Воч. Тој за Радио Слободна Европа дополнува дека во извештајот од 612 страници се сумираат главните трендови на човековите права во повеќе од 90 земји и територии во светот во текот на изминатата година. Во документот се забележува дека некои влади со своето агресивно однесување придонесле во нивните земји воопшто да не функционираат организации или поединци за човекови права. Тоа особено се однесува за Еритреја, Северна Кореја и Туркменистан.
Зборуваме за убиства на активисти за човекови права, што ги имаме документирано во многу земји во светот. Имаме видено разни начини на кои владите создаваат многу непријателска средина по што активистите се притвораат и малтретираат. Во Русија има ригорозно ограничување на законските права на невладините организации...
Но, нападите врз активисти за човековите права не се ограничени само на авторитарните влади како например на Мјанмар и на Кина. Хјуман Рајтс Воч потенцира дека имало дури и вооружени напади врз активистите и во земји со избрани влади како што е случајот на земјите од подрачјето на Северен Кавказ, Кенија, Бурунди, и Авганистан.

,,Зборуваме за убиства на активисти за човекови права, што ги имаме документирано во многу земји во светот. Имаме видено разни начини на кои владите создаваат многу непријателска средина по што активистите се притвораат и малтретираат. Во Русија има ригорозно ограничување на законските права на невладините организации.,,

Со цел овие земји да престанат со нападите врз бранителите на човековите права Ливајн вели дека владите кои ги поддржуваат човековите права, особено Соединетите Американски Држави, треба преку дипломатски пат да влијаат врз нив. Тоа, како што додава, треба да биде централен дел на билатерланите односи меѓу оние влади што ги почитуваат и оние влади што не ги почитуваат човековите права.

,,Администрацијата на претседателот Обама треба да премине од ефективната реторика и силните говори кон вистинска акција за позиционирање на човековите права во центарот на билатералните односи, без оглед дали станува збор за Русија или за Кина.,,

Хјуман Рајтс Воч оценува дека Соединетите држави имаат преземено некои чекор за обнова на американскиот кредибилитет во човековите права. Еден од нив е и завршувањето на програмата на ЦИА за принудно сослушување. Сепак, како што се наведува, може уште многу да се направи.

Анти фашистички протести во Москва
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:57 0:00
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG