Достапни линкови

Шпанија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ


Знамето на Шпанија и на ЕУ
Знамето на Шпанија и на ЕУ

Во обраќањето пред членовите на собраниската Комисија за европски прашања, шпанската амбасадорка во Македонија Анхелес Гарсија де Лара изјави дека Шпанија ги поддржува преговорите под покровителство на ОН за изнаоѓање решение за името.

Шпанија ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија на европскиот пат како што го поддржуваше нејзиниот кандидатски статус, визната либерализација и нејзините амбиции да добие датум за преговори со Унијата е генерално одговорот што пратеницитите го добија од вд амбадасорката на Шпанија во земјава Марија Анхелес Гарсија де Лара ги презентираше приоритетите на шпанското претседателство.
Добивањето датум за преговори се наоѓа на агендата и ќе се навратиме на него во текот на шпанското претседателство

„Добивањето датум за преговори се наоѓа на агендата и ќе се навратиме на него во текот на шпанското претседателство“.

Со почит кон досегашните напори за се што е сработено во насока на приближување на земјава кон Унијата и со поттик да продолжат напорите за надминување на спорот за името, евроамбасадорот Ерван Фуере пред членовите на Комисијата за европски прашања порача дека Треба да се продолжи со реформите и што побрзо да се исполнат обврските.

,,Има уште закони со европско знаменце коишто треба да бидат усвоени и второ да се финализираат дискусиите околу деловникот и би ги охрабриле сите партии за да добиеме нов деловник што ќе го орази духот на препораките од венецијанската комисија.„
Има уште закони со европско знаменце коишто треба да бидат усвоени и второ да се финализираат дискусиите околу деловникот

изјави Фуере. Во врска со прашањето за името, шпанската амбасадорка рече дека постои свесност за тоа дека ова прашање ќе треба да се реши и дека Шпанија ги поддржува напорите на двете страни да ги продолжат преговорите под покровителство на ООН. Проширувањето на Унијата како што презентираше и денеска Гарсија де Лара се наоѓа подолу во приоритетите на шпанското претседателство под еконосмките проблеми, имплементацијата на Лисабонскиот договор и зајакнувањето на ЕУ како глобален играч. Својата заинтересираност за земјите од Западен Балкан и нивните европски перспективи Шпанија ќе се обиде да ги покаже преку Балканскиуот форум којшто ќе го орагнизизра во Мај во Сараево каде што ќе бидат дефинирани идните предизвици на овие земји.
XS
SM
MD
LG