Достапни линкови

Патриоти и предавници


Секогаш кога има различни ставови за решавање на битните национални прашања, како што во мементов е спорот за името со Грција, има тенденции за поделби и етикетирања, велат дел од домашните политиколози. Тие додаваат - во Македонија нема сериозна дебата за тоа што би значела промената на името

Патриоти и предавници – Секогаш кога има различни ставови за решавање на битните национални прашања, како што во мементов е спорот за името со Грција, има тенденции за поделби и етикетирања, велат дел од домашните политиколози. Анастас Вангели е магистер
Сите граѓани се помалку или повеќе патриоти, барем оние кои се раководат од идејата за подобро утре. Проблемот е што во случајов имаме самопрогласени бранители на националните интереси коишто се сметаат себе си за многу поголеми патриоти за другите, кои пак понатаму самите креираат стереотипи на тоа кој е предавник, а кој не
по изучување национализми. Тој вели дека категоријата патриот е толку широка, што ја прави неприкладна за понатамошна анализа.

„Сите граѓани се помалку или повеќе патриоти, барем оние кои се раководат од идејата за подобро утре. Проблемот е што во случајов имаме самопрогласени бранители на националните интереси коишто се сметаат себе си за многу поголеми патриоти за другите, кои пак понатаму самите креираат стереотипи на тоа кој е предавник, а кој не.“

Вангели вели дека такви тенденции секогаш постоеле, а ќе постојат и во иднина. Државните институции имаат должност да спречат натамошни поделби меѓу сопствените граѓани, вели тој.

„За жал, во нашиот случај, токму претставниците на државата се тие коишто ја засилуваат оваа поделба поради тоа што отворено манифестираат нетолеранција и желба за пресметка со своите неистомисленици“

Професор Јован Донев посочува дека во Македонија нема сериозна дебата за тоа што би значела промената на името. Клучното прашање е што секој си дава право да коментира сериозни теми и покрај тоа што нема познавање, вели тој.

„Нормално, во такви услови вие немате сериозна дебата, а штом немате сериозна дебата, втората фаза на таа дебата ќе биде етикетирање. И ако немате аргументи, тогаш ќе закачите етикета, и тука настануваат проблемите.“

Донев вели дека различните мислења се сосема нормални во демократските општества. Судирот на мислења во случајов е дали, по секоја цена, треба да го решиме спорот со Грција за да влеземе во Европската унија и НАТО, вели тој:

„И тука настанува најголемиот судир. Не верувам дека ниту едните, ниту другите можеме да ги дефинираме како ниту предавници, ниту евро скептици итн.“

Донев не се согласува дека има обиди да се сопре дебатата за спорот со Грција.

„Па, никој не ја гуши дебатата. Мислам дека дебатата е дури и прежестока, таа е претворена во национален спор, никој не ја кочи. Едноставно, тоа е недостаток на култура, недостаток на култура на дијалог.“

Јавните личности и интелектуалци кои се залагаат за компромис за името со Грција, од одредени медиуми, па и од одредени политички кругови беа обвинети дека се предавници и дека работат за интересите на Грција. Оние, пак кои не ги прифаќаат барањата на Грција се обвинети за евроскептицизам.








  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG