Достапни линкови

Иванов во Собранието на РМ - јасен став за името


Иванов - и европска, и македонска политика
Иванов - и европска, и македонска политика

Македонскиот државен врв за прашањето за името има јасен став посветен на процесот во Обединетите нации и трагање по прифатливо решение рече претседателот Горге Иванов во своето прво годишно обракање во Собранието, повторувајќи дека црвените линии се познати и јасни како што им се познати и јасни на македонските грагани

Македонскиот државен врв за прашањето за името има јасен став посветен на процесот во Обединетите нации и трагање по прифатливо решение рече претседателот Горге Иванов во своето прво годишно обракање во Собранието, повторувајќи дека црвените линии се познати и јасни како што им се познати и јасни на македонските грагани. Иванов од говорницата ги повика сите политички актери како што рече да не создаваат конфузија и недоумица кај граганите за црвените линии во разговорите со нашиот осоед околу разликите за името.
Тоа е неотстапување на македонскиот идентитет, неменување на Уставот, решение коешто нема да го повреди нашиот национален, културен и јазичен идентитет


„Тоа е неотстапување од македонскиот идентитет, неменување на Уставот, решение коешто нема да го повреди нашиот национален, културен и јазичен идентитет.

На планот на евроинтеграциите тој истакна дека земјава забележала успех и оти успеа за првпат да добие позитивен извештај од европската комисија и препорака за почнување на преговорите. Иванов нагаласи дека ние сме сведоци дека Грција своите постпки во Унијата ги води исклучиво од своите внатрешни ситно политички интереси

„Недобивањето на датум за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија, успеа да го сведе проблемот на тоа што навистина и е - на ирационалното противење на политичката елита на нашиот јужен сосед на влезот на Македонија во Европската унија и НАТО. Се надевавме дека со тоа што сме држава каде што се вреднуваат реформите, се негува богатството на јазиците и павата на заедниците, нашиот пат ќе биде поедноставен и полесен“
Недобивањето на датум за отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија, успеа да го сведе проблемот на тоа што навистина и е - на ирационалното противење на политичката елита на нашиот јужен сосед на влезот на Македонија во Европската унија и НАТО

Исто така со добра соработка со соседите според Иванов Македонија го дава својот придонес за ширење на стабилноста и демократијата во регионот. Годината што измина ја оцени како позитивна и на внатрешно-политички план а земјата покажала дека може да функционира како мултиетничка и демократска држава.

Опзозицијата оцени дека говорот на Иванов е блед и дека во него нема идеи и визии за решавање на суштинските прашања и оти претседателот ја пропуштил шансата да биде претседател на сите граѓани

„Повеќе слушнавме за климатските промени, отколку за она што е базичен интерес на Македонија како држава. А имавме фалби на сметка на владејачкото мнозинство. На таков начин во право се сите оние кои мислат дека во Македонија функцијата претседател како и да не постои“

Изајви Андреј Петров од СДСМ .Дел од партиите од албанскиот политички блок го критикуваа говорот бидејќи во него не станало збор за рамковниот договор а Сафет Нзеири од ДУИ оцени дека седум месеци е краток период да се даде оценка но нагласи дека очекуваат негов став во иднина околу спорот со Грција. Влатко Горчев од ВМРО
ДПМНЕ говорот на Иванов е реален и објективен

„Тој кажа дека Македонија треба да дови и европска, и македонска политика“

Инаку протоколот на седницата вообичаено го организира Собранието кое на седницата ги кани и претходните претседатели, премиерот, претставници на верските заедници и претставници на дипломатскиот кор.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG