Достапни линкови

Македонските градежници се колебаат за настап на ирачкиот пазар


Ризиците предизвикуваат дилеми
Ризиците предизвикуваат дилеми

Ирак е пазар за кој македонските градежни фирми треба сериозно да размислуваат, велат луѓето од градежништвото. Сепак, една од основните пречки е нестабилната безбедносна и политичка ситуација во оваа земја.

Ирак е пазар за кој македонските градежни фирми треба сериозно да размислуваат, велат луѓето од градежништвото. Сепак, една од основните пречки е нестабилната безбедносна и политичка ситуација во оваа земја.

Претседателот на Синдикатот за градежништво Павел Трендафилов вели дека македонските градежни фирми имаат изградено капитални инфраструктурни објекти во Ирак. Тој посочува дека треба да се размислува за ирачкиот пазар, зашто македонските фирми имаат изградено многу добар имиџ во Ирак.
Треба добро да се размисли во услови кога градежништвото кај нас е во многу тешка ситуација, да се побара решение на ирачкиот пзар

,,Ценејќи ја позицијата којашто моментално се случува на глобално нивокаде што колабираа банките и има многу мал проток на свеж капитал барем во инфраструктурата, е добар потенцијал за нашите компании. Но, знаејќи дека Ирак е ризично подрачје, верувам дека ќе има големи дилеми меѓу нашите компании за ангажирање таму“

И покрај безбедносните ризици, Трендафилов вели дека појавувањето на ирачкиот пазар не треба да се отфрли.

,,Сепак е добра прилика и би требало добро да се размисли во услови кога градежништвото кај нас е во многу тешка ситуација сепак треба да се излезе на тој пзар и да се најде решение“

Луѓето од градежниот бизнис, пак, велат дека за македонските фирми е битен секој пазар, но и тие посочуваат на нестабилната политичка ситуација во оваа земја.
Од друга страна ирачката влада, се уште, не им платила на македонските градежници за дал од извршените работи во 80-тите години од минатиот век.

Градежниците посочуваат дека македонските градежни фирми немаат доволно капитал да инвестираат во Ирак и да почнат со работа. Тие објаснуваат дека македонските компании може да се јават само како подизведувачи на работа која претходно ја добиле големи меѓународни фирми.

Пратеникот Стојан Андов е поранешен амбасадор на Југославија во Ирак. Тој вели дека сега, македонските фирми може да ги искористат контактите што во тоа време ги направиле со ирачките инжинери. Спред него, земјаќи ја предвид безбедносна ситуација во Ирак, можеби најдоброто решение е македоснките фирми да се јават како подизведувачи.

,,Јас сега мислам дека нашитее не треба сами да одат. Ако може да одат како подизведувачи, пед се со Американците. Тоа би било најдобро, а така и безбедносно повеќе ќе се заштитат“

Ирачката Влада проценува дека во следните пет години на земјата ќе и бидат потребни околу два милиони нови станови.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG