Достапни линкови

Надзор врз финансирањето на партиите


Скопје - Седиште на ВМРО ДПМНЕ
Скопје - Седиште на ВМРО ДПМНЕ

Нови измени и дополнувања во изборниот законик. Во нив Министерството за правда предлага и вистински надзор врз финанисирањето на кампањите на партиите. Некои од експертите велат дека овие новитети нема ништо да променат, додека според други, промените ќе имаат ефект.

Вистински надзор на финансирањето на кампањите на политичките партии, ова е е една од новите измени и дополнувања во изборниот законик, кои ги подготвува Министерството за правда. Колку пари трошат партиите за време на изборите е прашање кое се наведува како проблематично во сите извештаи на Европската комисија. Според законот секоја партија треба да го објави вкупниот износ за финансирање на кампањата, колку потрошила и од каде тие пари потекнуваат. Самата иницијатива дека недостасува вистински надзор покажува дека тој постои, но не е вистински и дека законот не функционира, вели Сашо Ордановски од Транспарентност Македонија.
Доколку се имплементира тој надзор мислам дека ќе има ефект, се разбира

,,Сегашните закони се доволни за таа материја да може да биде спроведена особено со улогата на Антикорупциската Комисија, на УЈП и другите надлежни органи, меѓутоа ниту сега зацртаните мерки не се преземаат."

Од Конвенцијата на СДСМ пред претседателските и локални избори
Никаде не постои комплетен надзор, но доколку навистина се спроведат новини во законот тоа ќе резултира барем со поголема прегледност, вели политикологот Владимир Божиновски.

,,Доколку се имплементира тој надзор мислам дека ќе има ефект, се разбира. Чисто финансирање на кампањи не постои, не дека кај нас
Сегашните закони се доволни за таа материја да може да биде спроведена особено со улогата на Антикорупциската Комисија, на УЈП и другите надлежни органи, меѓутоа ниту сега зацртаните мерки не се преземаа
не постои, туку не постои никаде. Но, со поголем надзор се спречува да влезат пари кои што едноставно не се ,,чисти", на кои што не им се знае изворот, со сомнително потекло итн."

Измените и дополнувањата во законот не верувам дека ќе ја подобрат состојбата, бидејќи изборниот процес е скап и партиите имаат потреба од многу пари и тие не сакаат да објават од каде ги добиле, вели Ордановски.

,,Сите партии имаат потреба, особено големите партии, од црни пари и во предвид тие црни пари се најголеми од партијата која е на власт. Од партијата на власт, без разлика која е, очекуваме дека ќе направи суштински измени во процедурата, тоа значи дека си ,,пукаат во нога" со оглед на сегашната пракса за тоа како работат партиите, како нај нетранспарентни, нај недофатливи за законот и нај затворени институции во македонската демократија."

Министерството своите предлози за измените и дополнувањата на изборниот законик ги испратило и до политичките партии за и тие да достават за нив свое мислење и свои предлози.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG