Достапни линкови

Манастирот ,,Зрзе" епископско седиште од петтиот век


Истражувањата на археолозите во манастирот ,,Зрзе" покажаа дека тој бил епископско седиште од петтиот век, со што се укажува дека Македонија е во редот на земјите каде што се наоѓаат корените на христијанството и каде што многу рано, уште пред Света Гора започнал монашкиот живот.

Манастирот „Зрзе" бил епископско седиште од 5-иот век, ова го потврдија последните археолошки истражувања на кустосите кои повеќе од две години упорно работат на откривање на скриеното културно богатство кое ја смести Македонија во редот на земјите каде што се наоѓаат корените на христијанството и каде што многу рано уште пред Света Гора започнал активен монашки живот.

,,Она што е уникатно во секој случај е откривањето на гробот на анонимен локален маченик за христијанството, врз чии гроб во крајот
Она што е уникатно во секој случај е откривањето на гробот на анонимен локален маченик за христијанството, врз чии гроб во крајот на 4-иот век односно после 380-та година е изграден старохристијански комплекс за кој ние веруваме дека е епископски комплекс
на 4-иот век односно после 380-та година е изграден старохристијански комплекс за кој ние веруваме дека е епископски комплекс. Имено овој комплекс го сочинува трикорабна базилика со нартекс, потоа имаме баптистериум со влезни простории и она што е особено имаме гробишно плато во чии западен дел се наоѓа гробот на мартириумот."

Вели д-р Бранислав Ристески, раководител на археолошките истражувања. Тој истакнува дека се уште стојат моштите во гробот на локалниот маченик, кој пак бил основа за градба на оваа базилика.

,,Тоа е една пракса до ден денеска што е сочувана во светата православна црква, не може да се изгради и освети црква ако нема макар и честица од мошти на маченик. Тука имаме значи ин ситу во интактен слој мошти на маченикот во мартириумот. Културна придобивка е тоа што сето ова само по себе содржи универзална димензија која припаѓа на сите граѓани на планетава земја. Токму затоа секој е добредојден да дојде во манастирот каде што ќе биде топло пречекан."

Истакнува владиката Климент, како игумен на манастирот и еден од најзаслужните за досегашниот развој на овој манастирот, кој е во редот на македонските духовни храмови кои го развиваат македонскиот туризам. Како континуитет на овој епископски комплекс во бигорната карпа под манастирската црква подоцна во 9-тиот век е изградена монашка средновековна населба.

,,До година ние имаме предложено проект до Министерството за култура како дел од капиталните проекти, во кои планираме ревизиони истражувања на цел овој комплекс со кој би ја заокружиле историјата на цел овој простор од енеолитот-бронзеното време, па се до 19 век. На тој начин би добиле комплетна слика."

Вели Ристески. А, сите досегашни активности се финансирани од ресорното Министерство.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG