Достапни линкови

Хаотична состојба во образованието


Училиште
Училиште

Станува ли основното образование желботека на родителите каде, со кого и кај која учителка сакаат да им учат децата? Состојбите на терен покажуваат дека во услови на намален наталитет, училиштата се борат за ученик повеќе, па го исполнуваат желбите на родителите при уписите.

Станува ли основното образование желботека на родителите каде, со кого и кај која учителка сакаат да им учат децата? Состојбите на терен покажуваат дека во услови на намален наталитет, училиштата се борат за ученик повеќе, па го исполнуваат желбите на родителите при уписите. Ова доведува до ситуација во една паралека да има 30 ученици, а во друга по 14, една учителка да биде преоптоварена, а друга за истата плата помалку да работи, како и до формирање на етнички чисти паралелки, поради ксенофобичноста на одредени родители.

„Статусот на ромско училиште е причина што учениците од македонска националност, се запишуваат во некои од соседните училишта. Континуираното отпишување е процес што трае повеќе години. Годинава се испишаа девет ученици, а други четворица побараа да се префрлат во други паралелки каде има повеќе Македонци, со изјава дека ако не им биде задоволено барањето ќе се испишат од
Статусот на ромско училиште е причина што учениците од македонска националност, се запишуваат во некои од соседните училишта
училиштето.“

вели Загорка Јовчевска, директор на основното училиште “Ѓорги Сугарев“.

„На таа заедничка средба ги прашавме дали на некој родител не е испочитувана желбата и потребата, имаат поголеми братчиња, сестричиња па сакаат да се во иста смена, немаше такви кои одговорија одречно. Сите го потврдија тоа дека детето е запишано онаму каде побарале. На сите им била исполнета желбата да биде запишано детето кај наставничката, односно паралелката каде што побарале.“

Изјави Снежана Терзијовска, директор на ОУ„Трифун Пановски“. Според педагозите проблемот лежи во тоа што нема реонизација на училиштата, односно секое дете да учи во реонот каде што припаѓа.
Еден од побитните критериуми е желбата на родителот. Наставата веќе и почна, а некои родители дојдоа да си ги бараат документите, да ги носат учениците по други училишта


„Еден од побитните критериуми е желбата на родителот. Наставата веќе и почна, а некои родители дојдоа да си ги бараат документите, да ги носат учениците по други училишта и ги замоливме оние кои останаа да направиме нова распределба, да се направи ремнотежа зашто отпишувањето создаде дисбаланс во бројноста на двете паралелки. Родителите не сакаа ни да чујат.„

раскажува педагогот Вера Ѓоршевска.Дури и реонизацијата да стапи во сила, Законот за основно образование дозволува родителот да го запише детето каде сака, доколку паралелката не го исполнува максимумот од 34 ученици. Во Битола во последните 10 години има за 25 проценти помалку ученици. Секоја година се бара дозвола од Министерството за работа на паралелки кои не го исполнуваат минимумот од 24 ученици, со цел да не згаснат и да не бидат отпуштени наставници од работа. Локланата опозиција бара средување на состојбите во образованието.

„Секојдневието упатува на тоа дека сме сведоци на една хаотична состојба во образованието.“

„Според нашите сознанија во училиштето има една учителка со полно работно време и друга која е сега примена со договор. За да не си замини едната од ребота направиле две паралелки, а таму има услови за една паралелка и таа да биди од мешан состав.“

велат советниците Томе Наумов од СДСМ и Горан Милевски од ЛДП.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG