Достапни линкови

ДУИ бара објаснување од премиерот за енциклопедијата


Зградата на Владата на РМ
Зградата на Владата на РМ

Во ДУИ, албанскиот коалиционен партнер во Владата, велат дека со објавувањето на енциклопедијата на МАНУ, им е нанесена огромна штета на меѓуетничките односи и сеуште очекуваат одговорот од премиерот Груевски.

И покрај различните изјави што лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги дава во Албанија и дома, од неговата партија сеуште инсистираат на имиџот на сериозен настап и се залагаат за спуштање на топката и воздржаност од евентуалното долевање бензин на огнот. Изјавата на Ахмети дадена во Тирана дека со објавувањето на енциклопедијата е нарушено примирјето меѓу Македонците и Албанците ја објаснуваат како фигуративно изнесен став и одговорноста за тоа повторно ја насочуваат кон МАНУ. Сепак и натаму очекуваат објаснување од премиерот и од својот колаиционен парнер во Владата.

„Претседател на партија, коалиционен партнер да изјави дека оваа енциклопедија е политички памфлет и сега ако некој останува рамнодушен, тогаш или нешто не е во ред или тоа им била намерата. “

Вие сметате дека остануваат рамнодушни?
Претседател на партија, коалиционен партнер да изјави дека оваа енциклопедија е политички памфлет и сега ако некој останува рамнодушен, тогаш или нешто не е во ред или тоа им била намерата


„Не, не сметаме ние сеуште не ги коментираме нивните ставови, ние ги кажуваме нашите ставови.“

изјави Џевад Адеми од ДУИ. Малите партии на Албанците за в четврток најавуваат протести пред Владата со барање да се повлече енциклопедијата. Претседателот на Националната демократска унија, Хисни Шакири мсета дека овој настан не е случаен и е еден во низата што говорат за дискриминаторска политика кон Албанците во Македонија. Одговорноста ја лоцира во Владата и во ДУИ како коалиционен партнер.

„Али Ахмети е дел од Владата, сакаме или не тој сноси дел од одговорноста за последните настани во Макеоднија. Има 18 пратеници и тој би требало да знае што се случува внатре во владата по ова прашање.“

Изјави Шаќири. Сепак, нема да ги коментираат односите во владината коалиција и потезите што ќе ги повлече ДУИ како колаиционен партнер. Во Владата и во ВМРО ДМПНЕ денеска недостапни за коментар. Џевад Адеми од ДУИ како претседател на комитетот за односи меѓу заедниците најавува седница на комитетот за наредната недела затоа што како што вели со ова публикација која ја објави една сериозна и авторитетна институција како што е Академијата на науките им е нанесена огромна штета на меѓуетничките односи.
XS
SM
MD
LG