Достапни линкови

Што е причината за давењата во Преспа?


Охридското езеро се полни од Преспанското
Охридското езеро се полни од Преспанското
Лошиот карактер на Преспанското езеро со ненадејните виорни ветришта, водни струења и длабоки јами на дното, како и шоковите на организмот кај капачите кои презагреани влегуваат во ладната езерска вода се најчестите причини поради кои доаѓало до давење во Преспа, посочуваат познавачите на езерото. Намалениот водостој на некои места и до три километри, а во висина до 10 метри
Не ретко се случува капачи со кајче да се одалечат не многу длабоко од брегот за да пливаат во почиста воада, а притоа да не се свесни дека под нив има кратер
предизвикува ненадеен премин од плитко во длабоко. Тука се и опасните јами, некои длабоки и по педесет метри.

,,Тоа се мамки. Не ретко се случува капачи со кајче да се одалечат не многу длабоко од брегот за да пливаат во почиста воада, а притоа да не се свесни дека под нив има кратер. Има јами што се протегаат во паралела со брегот , слични на онаа од селото Стење до Коњско, оддалечени стотина метри од крајбрежјето. Во местото Казан има јама длабока четириесетина метри. Слично е и во Перовското крајбрежје , каде што има јама од 23 метри, а зад Големиот остров иста таква, која се спуштала дури до 50 метри,"

вели Перко Митревски, рибар од Стење.

Водните струења научниците претпоставуваат дека се должат и фактот што под Галичица се наоѓа уште едно езеро кое по природен пат го цица Преспанското и го полни Охридското езеро. Ова се сознанија на експерти кои го спроведуваат проектот на НАТО за „Одржливо управување со водите на Преспанското езеро“. Се претпоставува дека околу пет милијарди кубни метри вода има во резервоарот под Галичица. Со толку вода располагало Преспанското Езеро во своите најбујни денови во 1963 година, а сега се претпоставува дека има околу 3,5 милијарди кубни вода.

Проблем претставува и слабата провидност на езерските води, која не е поголема од половина метар.

,,Има некои струи, само што јас не верувам дека се на метар и дваесет. Тие струи ако се качете на Галичица ќе ги видете, на средина на езерото се. Ова е матно езеро и видливоста е многу мала затоа и нуркачите не можат да го најдат тоа што го бараат. Тоа е од песокливото дно, за разлика од Охрид каде водата е стакло"

вели Игор Симонов, концесионер на плажа во Претор.

Иако туризмот се одвива што би се рекло во атрофирано езеро, ни една плажа нема спасувачи, ниту е обележано до каде е безбедно да се плива. По последната трагедија во која две малолетни момчиња од Ресен се удавија во Претор, концесионерите рамислуваат да ги подигнат мерките за безбедност на капачите.

,,На повисоки места да ставиме спасувачи на сите плажи што се сами да ја преземиме таа обврска. Сами ќе преземиме нешто оти има потреба од таа работа. Во секоја плажа по еден спасувач е доволно- вели Бекири Шпетим,"

управител на плажа во Преспа.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG