Достапни линкови

Волонтери ја градат населбата Хабитат


Градежни работници
Градежни работници

Интензивно се градат првите 24 домови во населбата Хабитат во Велес, чиј инвеститор е истоимената Американска невладина организација. Во изградбата учествуваат волонтери. Право на дом имаат пред се кредитно способните семејства, станбено необезбедени.

Волонтери ја градат населбата Хабитат. Таа е прва населба во Македонија во која инвеститор е Американската невладина организација Хабитат. Во првата фаза од градежните работи во која се градат 24 домови ќе се вклучат 13 меѓународни волонтерски групи, со околу 250 волонтери, но и членови на семејства кои се потенцијални добитници на еден од становите.

„Странските волонтерски групи ги организираат корпорации како што е фирмата Вирпул, цркви како што е Евангелската Лутеранска
Вакви дом населби се градат и во Америка се работи на ист принцип со вклучување на волонтери и на различни начини се вклучува заедницата
црква на Америка, организирано од училишта и секако Хабитат канцеларија слична како нашата во Македонија“

вели Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија. На градилештето несекојдневни волонтери. Солви Рикер, сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, градоначалникот Горан Петров и свештени лица од Повардарската епархија.

„Многу сум среќна што денес сум тука, работата оди добро бидејки имам добар учител, кој ми покажува што треба да направам. Вакви дом населби се градат и во Америка се работи на ист принцип со вклучување на волонтери и на различни начини се вклучува заедницата, за на крај придобивките од сето тоа да ги добијат семејствата“

вели Солви Рикер.

„Денеска се вклучивме заедно со работниците за да допринесеме овие домови да се изградат што побргу. Материјалите кои се вградуваат се најсовреемни, и сопствениците верувам дека ќе бидат задоволни и ќе уживаат во овие објекти“

вели градоначалникот Петров. Во Хабитат населбата се предвидени 96 домови. Ќе се градат во три фази, првите 24 домови се очекува да бидат готови следната пролет. За Хабитат домовите право на учество имаат семејства кои се кредитно способни, а станбено необезбедени. На првиот конкурс за 24-те домови конкурираа повеќе од сто семејства. Првите добитници ќе се знаат за десетина дена.

XS
SM
MD
LG