Достапни линкови

Подемот на Пригожин: „Готвачот на Путин“


Човекот познат како „готвачот на Путин“ води многу политички пресметки - со сите, од избраниот лидер на Санкт Петербург до руското Министерство за одбрана.
Човекот познат како „готвачот на Путин“ води многу политички пресметки - со сите, од избраниот лидер на Санкт Петербург до руското Министерство за одбрана.

Озлогласеноста на Евгениј Пригожин одамна е потврдена со обвиненија, матни деловни трансакции и платнеци. Осум месеци по руската инвазија врз Украина, човекот наречен „Готвачот на Путин“ излегува од сенката, избира политичари и зазема уште повидлива улога во тензично време. Мајк Екел

Соопштение од една компанија од Санкт Петербург наречена Конкорд Кетеринг и Менаџмент деновиве сугерираше дека избраниот шеф на вториот по големина град во Русија е измамник.

Обвинителите треба да го истражат „можниот факт за создавање организирана криминална заедница од страна на гувернерот Беглов на територијата на Санкт Петербург со цел да се ограбува државниот буџет и да се збогатат корумпираните функционери во неговата придружба“, се вели во соопштението на компанијата, упатено до националното Јавно обвинителство.

Судот на ЕУ ја отфрли жалбата на „готвачот на Путин“ за активностите на групата Вагнер во Либија

Во често жестоката арена каде што се среќаваат руската политика и бизнисот, овој вид на тврдење вообичаено може да помине како и обично.

Но, бизнисменот кој стои зад обвинението против моќниот избран лидер е Евгениј Пригожин, тајкун чие огромно богатство доаѓа од договорите за угостителство во Кремљ и чија озлогласеност потекнува од врската со најпознатата руска приватна платеничка компанија, Вагнер.

Незадоволството на Пригожин од Беглов датира неколку години наназад, но оваа последна рунда доаѓа кога Пригожин дополнително зачекори во центарот на вниманието на руската политика, особено кога станува збор за водењето на војната во Украина.

Пригожин беше еден од најжестоките критичари на пристапот на руските команданти кон инвазијата, која според многу пресметки, тапка во место осум месеци.

„Се чини прилично очигледно дека Пригожин го најде овој погоден момент да го прошири својот јавен профил“, вели Кендис Рондо, од Фондацијата Нова Америка во Вашингтон и автор на извештајот од 2019 година наречен Декодирање на групата Вагнер.

„Тој не е ништо освен опортунист, неговата кариера го покажува тоа. Тој е навистина на својот врв на неговата политичка моќ и влијание во моментов“, рече таа за РСЕ.

Андреј Колесников, експерт за руската политика и висок соработник во Карнеги фондацијата за меѓународен мир со седиште во Вашингтон, прави паралела со Григориј Распутин, мистичниот монах кој владеел над семејството на последниот руски цар во 1910-тите.

Нов напад на руски хакери врз платформите на социјалните мрежи

„Во однос на неговото влијание, барем во јавноста, тој почнува да личи на Распутин на дворот на Николај Втори“, изјави Колесников, додавајќи: „И нормално, многумина сега размислуваат дали оваа личност е, да речеме, следниот претседателски кандидат или личност која може да влезе во највисоките сфери на политиката“, рече Колесников.

„Самиот ги исчистив старите оружја“

Пригожин започна како угостител во неговиот роден град Санкт Петербург, а откако почна да склучува договори за снабдување со храна за Кремљ, тој постигна финансиски успех. Името на неговата компанија Конкорд се користи за различни поврзани компании.

Точното потекло на Вагнер, во меѓувреме, е покриено со мистерија, но руските новинари и истражувачи како Рондо велат дека компанијата еволуирала од мрежа на приватни безбедносни компании управувани од поранешни руски војници од специјалните сили.

Украински војници ја опишуваат битката против руските платеници во Бахмут
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:01 0:00

Се верува дека војниците од групата се бореле во Донбас во Украина, откако таму изби војната поттикната од Русија во 2014 година. И откако Кремљ нареди голема интервенција во Сирија за да се зајакне режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад во 2015 година, војниците на Вагнер стекнаа дополнителна репутација на бесмислена бруталност, каде што обезбедуваа дипломати, ги чуваа објектите за нафта и гас и ги обучуваа локалните милиции.

Платеници од Вагнер се забележани и во Централноафриканската Република, во операции за ископување и извоз на дијаманти и профитабилни минерали. Руските новинари го идентификуваа поранешниот припадник на руското воено разузнавање Дмитриј Уткин како шеф на Вагнер.

ЕУ воведува санкции за руските платеници од Вагнер груп

Сопственоста на Пригожин на групата Вагнер е јавна тајна во и надвор од Русија со години. Тој во септември го потврди тоа. „Јас сам го исчистив старото оружје, сам ги средував панцирните елеци и најдов специјалисти да ми помогнат во тоа“, рече тој во изјавата на 26 септември наведувајќи: „На 1 мај 2014 година се роди група патриоти кои подоцна го добија името „Вагнер“.

Другата компанија финансирана од Пригожин чие потекло е обвиткано во мистерија е Агенцијата за интернет истражување со седиште во Санкт Петербург.

Позната како „руска фабрика за тролови“, компанијата е специјализирана за создавање лажни онлајн профили за Фејсбук и други социјални медиуми и ширење дезинформации и пропаганда. Таа беше обвинета во заговор за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година. Големата порота на САД ги обвини Пригожин, 12 други Руси и Агенцијата за истражување на интернет. ФБИ го стави Пригожин на листата на најбарани минатата година.

Пригожин (лево) и тогашниот руски премиер Владимир Путин (во средината) за време на вечерата со странски научници и новинари надвор од Москва во ноември 2011 година.
Пригожин (лево) и тогашниот руски премиер Владимир Путин (во средината) за време на вечерата со странски научници и новинари надвор од Москва во ноември 2011 година.

Откако претседателот Владимир Путин нареди инвазија врз Украина во февруари, платениците на Вагнер беа меѓу неколкуте нерегуларни единици кои се бореа заедно со редовните руски сили. Борците на „Вагнер“ одиграа централна улога во руското заземање на пристанишниот град Мариупол и градот Сјевјеродонецк во областа Луганск, и наводно биле вклучени во тековниот напад на Бахмут во регионот Доњецк.

Во текот на летото се поголем број руски воени блогери ги изразија своите фрустрации со командантите и неподготвеноста на Кремљ или да повика општа мобилизација или само да испрати повеќе луѓе во борбата. Пригожин се потруди да најде повеќе луѓе, кога се појави видео на апликацијата за пораки Телеграм, на кое се гледа како во затвор им ветува на осудениците предвремено ослободување доколку се пријават за шестмесечна турнеја во Украина.

Тој по повлекувањето на руските сили од Харкив изјави: „Испратете ги сите тие копилиња боси, со митралези, на фронт“. На 29 октомври, еден од генералите кој беше оцрнет по руското повлекување во Харкив – генерал полковник Александар Лапин – наводно бил отстранет од неговата команда.

Три недели претходно, во промена на разделената командна структура во Украина, Путин назначи нов командант: генерал Сергеј Суровикин, кој потоа одобри налет од проектили, ракети и беспилотни летала врз цивилни цели во Украина.

Суровикин, чие назначување беше поздравено од Пригожин и другите критичари на начинот на кој војската ја водеше војната, претходно беше главен руски командант во Сирија - во времето кога силите на Вагнер играа активна улога на и надвор од бојното поле. „Суровикин е тој што му даде простор за трчање на Пригожин да стане она што стана денес“, вели Рондо.

Натпревар на злоба

Борбата на Пригожин со Беглов не е нова, најверојатно датира од 2018 година, кога Беглов беше назначен за гувернер на Санкт Петербург, а потоа победи на изборите за функцијата следната година.

„Новаја газета Европа“ наведува дека лошата крв потекнува од кавгата за финансирање на изборната кампања на Беглов, како и за недвижен имот во Финскиот залив.

„Крвав бизнис“: „готвачот на Путин“ регрутира платеници во затвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:06 0:00

Пригожин стоеше и зад серијата видеа кои го исмеваа Беглов. Во септември, друга организација поврзана со Пригожин го повика националниот истражен комитет да истражи како претставниците на Санкт Петербург ја воделе мобилизациската кампања со цел да го зајакне нивото на војници во Украина.

Групата, исто така, сугерираше дека роднините на Беглов можеби се обидуваат да ја избегнат мобилизацијата. Истиот ден кога Пригожин го упати својот апел за истрага, тој го најави претстојното отворање на нов деловен центар во Санкт Петербург, кој ќе се вика Вагнер центар.

Политичка ѕвезда во подем?

Дали Пригожин може да ја претвори својата ѕвезда во подем во политичка кариера е отворено прашање. Меѓутоа, „ако постои каков било остварлив пат Пригожин да стане политичар, тоа ќе е во Санкт Петербург. Нема да биде во Москва или некаде на Урал“, вели Рондо, додавајќи: „Мислам дека тој очекува да биде награден. Не му требаат пари, сега веројатно би сакал да има повеќе политичко влијание“.

„Тој се етаблира како политичка сила, користејќи го својот популарен статус и неговата поврзаност со Вагнер за да ги критикува своите противници во елитните кругови и да го институционализира неговиот авторитет“, се вели во извештајот на Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон.

центарот Вагнер, поврзан со Евгениј Пригожин, пред неговото отворање во Санкт Петербург.
центарот Вагнер, поврзан со Евгениј Пригожин, пред неговото отворање во Санкт Петербург.

Пригожин, кој не можеше веднаш да се контактира за коментар преку неговата компанија, даде и интервју за Петербург Вестник во кое беше прашан за неговите политички аспирации.

„Што се однесува до мојата зголемена популарност, јас не се стремам кон популарност. Моја задача е да ја исполнам мојата должност кон татковината, а денес не планирам да основам ниту една партија, а камоли да се занимавам со политика“.

Политичкото влијание на Пригожин во Кремљ е исто така отворено прашање. Аналитичарите кои ја следат неговата кариера истакнуваат дека тој има моќни поддржувачи што му овозможија да ги развива своите бизниси и да работи рака под рака со руските воени структури.

И неговите критики за начинот на кој се води војната против Украина ги погоди руските националистички и воено-безбедносни кругови. Пригожин, наводно, се пожалил на водењето на војната директно кај Путин, пишува Вашингтон пост, кој вели дека за неговите доверливи разговори со Путин биле брифинзи на американското разузнавање.

„Тие се на патека за судир“, изјави Колесников за Current Time. „Пригожин очигледно е многу гладен за моќ. Тој е многу тврд човек и на многу начини суров. Тој има негативна харизма на ѓавол и во извесна смисла, оваа харизма може да се натпреварува со онаа на Путин“, рече тој, наведувајќи:

„Но, на Путин сега му е потребен во овој капацитет, во оваа форма. Тој му дава на Пригожин сè повеќе и повеќе овластувања и му префрла различни функции“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG