Достапни линкови

Локалната власт има слух за независните само ако им недостигаат гласови


Седница на совет на општина Тетово
Седница на совет на општина Тетово

Административни сопки, недостаток на податоци и информации за работењето и носење одлуки „на тивко“ без дебата по „ќеиф “ на градоначалникот се само дел од проблемите со кои се соочуваат поголемиот дел од независните советници кои на последните локални избори влегоа во општинскиот систем со желба, како што велат, да го менуваат одвнатре.

Ако локалната власт има „комотно мнозинство “ во советот тогаш слухот за барањата на граѓаните кои се претставувани од независните советници е послаб, вели претседателката на општинскиот совет на Битола Габриела Илиевска, која веќе втор мандат седи во светничкото столче во општината. Таа правејќи паралела со претходниот мандат посочува дека разликата во моќта се чуствува на дело.

„Можеби и поради тоа што никој не е комотен во својата бројка на советници, можеби и поради тоа, сите наши предлози и иницијативи се прифатени и изгласани и вметнати во програми. Тоа е разликата. Во претходниот мандат со претходната локална власт имаше комотно мнозинство, не им требаше никој за да донесе некоја одлука и ние едноставно бевме игнорирани, без разлика колку и да ни беа добри предлозите и поддржани од граѓаните, во ни еден момент не беа прифатени. Ни се случуваше на пример да ни одбијат предлози, а по три до четири месеци истите да се преставата ако предлози на тогашната власта. Едноставно бевме игнорирани“ вели таа.

Сега во битолскиот совет кој брои вкупно 31 советник, тројца се од независната листа „Поинаку“, потоа 13 од ВМРО-ДПМНЕ, 11 од СДСМ, 2 од Левица, еден доаѓа од коалицијата на ЛДП и ДОМ „Одлучно за промени“ и една советничка од ДУИ.

Од друга страна независните советнички во скопската општина Карпош ги „обедини“ советниците од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Гром. Тие во заедничко соопштение на фејсбук страницата на општината ги замолија граѓаните со резерва да ги земаат информациите од независните советнички. Недостатокот на транспарентност за советничката Невена Георгиева е најголемиот проблем, но не и единствен.

„Во однос на политичките партии, можеби нашето неискуство во однос на тоа дека не знаеме како одат работите во позадина, кога не се дискутира се што треба во комисиите како што треба, него некои работи имаме впечаток дека се дискутираат на други средби, и потоа сме изненадени на некои одлуки“ вели таа.

Во скопскиот Карпош 4 советници доаѓаат од Левица, 6 се од СДСМ, 6 се од ВМРО-ДПМНЕ, 2 од ГРОМ, 2 се од независна листа и еден од ДПС и еден од ДС.
Шанса за Центар, на својот фејсбук профил редовно објавува кои амандмани им ги одбива мнозинството од советниците во општината.

На пример еден од последните амандмани кои им е одбиен е формирање на екипа од тројца мајстори опремени со алат кои ќе имаат задолжение редовно одржување и поправки на урбана опрема, потоа проодни училишни коридори, потоа еден вид катастар на оџаци и горилници за полесно намалување на скопскиот смог.

Советникот Јане Димовски вели дека често состојбата во Советот е како да зборуваат на различни јазици, поинаквото мислење и предлози се третираат како напад наместо како аргументи кои може да придонесат за подобри решенија. Тој објаснува дека дури и задолженијата кои Советот му ги дава на градоначалникот се сметаат како товар иако тие се во име на граѓаните.

„А при назначување на пример во јавното претпријатијата не е клучно што тие знаат и кои им се способностите, туку да се од партија. Имаме чувство дека администрацијата се прилагодува кон градоначалникот и тој кон неа, така што се потхранува тој отпор кон промени и менување на начините на работа, едноставно оштинската власт и јавните претпријатија се сметата како трофеј на оној кој добил најмногу на изборите, а Советот само како алатка за одобрување на одлуките на градоначалникот“ вели Димевски.

Тој додава дека во нивната работа им недостига голем број на податоци за работењето и состојбата на општината во разни сфери, по што плановите се прават врз основа на ветувања на избори и желби, наместо врз податоци за потреби и трошоци.

Георгиевска додава дека најголемиот дел од опструкциите доаѓаат од администрацијата во општината.

„ Имам закани од службеник во општината дека ќе се соочам со последици бидејќи сум прекршила правилник, не сме ги знаеле законите, дека ние не ги читаме, дека ние сме детективи, дека ние постојано нешто прашуваме и малтретираме“ вели таа.

Приказната е малку поразлична во Тетово. Од граѓанската иницијатива „За подобро Тетово“ која влезе во советот на општината велат дека се задоволни од соработката со советниците од опозициските и со владејачките партии во локалната власт. Градоначалник на Тетово е Билал Касами од Беса, партија која по изборите ја напушти владејачката коалиција на централно ниво.

Хамди Сулејмани, советник од граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ вели дека дел од нивните предлози како отчет на општината, ревизија на општината и листа на вработени кои земаат плата а не работат им се исполнети.

„ На пример програмата за животна средина, не дека не ја гласавме, туку баравме да се повлече и да се докомплетира и да се донесе дополнително, каде што можам да назначам дека буџетот на општина Тетово се направи врз рамките на нашите препораки, над 10 препораки беа внесени во него“ вели Сулејмани.

Дополнително нивниот предлог за суспендирање на Детален урбанистички план беше прифатен од мнозинството во Советот. Сличен успех издвојува и Шанса за Центар, односно успеа да издејствува е да се задолжи градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со службите, да побара вонреден инспекциски надзор за деталниот урбанистички план Ј07 од Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво. Предлогот, во име на жители од улиците „Питу Гули“, „Козара“ и „Салвадор Аљенде“ во Советот го доставија Шанса за Центар.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG