Достапни линкови

Герила акција - биди „папучар“ биди безбеден


Герила акција - „Седи дома“
Герила акција - „Седи дома“

На скопскиот плоштад денеска е поставена герила акција, односно големи влечки за дома, на кои стои пораката „Седи дома“.

Зад оваа акција стои група активисти според кои уметничко активистичка акција е мотив за граѓаните да издржат во физичка изолација и да го доведат до минимум излегување во време кога „изолацијата можеби е најефикасно средство за борба против епидемијата“.

„За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома но и синоним за почитување на мерките и наредбите бидејќи во Скопскиот сленг терминот папучар најчесто се користи за некој кој безпоговорно ги следи наредбите и советите а во овие мигови сметаме дека токму тоа ни е потребно“, велат активистите.

Претходно, активистите поставија и герила акција наречена „Држете дистанца“, односно две големи раце, од кои едната беше заразена од коронавирусот.

И оваа и претходната се наменети да се охрабрат граѓаните овој период. А двете акции ги посветуваат на здравствени работници.

„Акцијата е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно е работена етапни и секвенцијално од страна на различни автори“, информираат активистите.

XS
SM
MD
LG