Радио Фарда, на РСЕ, интервјуираше една Иранка која деновиве била уапсена за неносење хиџаб. Таа е една од многуте Иранки кои биле уапсени во последно вре во Иран, каде што властите ја интензивираат репресијата врз жените кои не носат хиџаб.
Беше премиер од 2006 до 2010, па потоа и од 2012 до 2018 година. на власт се врати во 2023. Важи за популистички премиер и за словачки политичар со најдолг премиерски стаж во историјата на Словачка. Роберт Фицо на 15 мај 2024 беше ранет „при обид за атентат“.
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан на 15 мај додека се движеше меѓу толпата по состанокот на владата надвор од Братислава во, како што Министерството за внатрешни работи на земјата го нарече „обид за атентат“. Осомничениот очигледно бил уапсен на местото на настанот
Засега нема официјални информации за состојбата на ранетиот премиер. Веднаш по нападот, Фицо е пренесен во болница со автомобил, а на фотографии од настанот се гледа и како полицијата апси едно лице за кое се претпоставува дека е осомничениот.
Во грузискиот Парламент имаше и жестока тепачка пред усвојувањето на контроверзниот закон за „странски агенти“. Протестите во Тбилиси продолжија, а демонстрантите ветија дека ќе се борат против закони кои „можат да ги намалат граѓанските слободи и да ги загрозат грузиските аспирации за влез во ЕУ“.
Двајца стари селани во регионот Доњецк избраа да избегаат од руската окупација на нивното село одејќи пеш преку линијата на фронтот во април. Иван Вивсјаник (88) немал интерес за рускиот пасош што му било кажано да го прифати, а истото го чувствувала и Лидија Степанивна (98).
Вчитај повеќе