Достапни линкови

Сиромавиот два пати плаќа


Владината одлука за поефтина струја на големите потрошувачи е економски нелогична и неоправдана реагираат експертите по одлуката, компаниите Фени и Силмак да плаќаат повластени цени за струјата.

Првичните проценки се дека ова ќе предизвика буџетски дефицит од околку 30 милиони евра, а рзликата меѓу цената на увезената струја и онаа што ќе ја плаќаат големите индустрии ќа падне на грбот на граѓаните.

„Ако нема некој притисок или некој невидлив интерес, а тие невидливи или сиви зони секогаш ги има, зошто да не им се даде слобода? Тие може да купат струја на слободниот пазар и само ќе платат транспорт. Вака, се ќе падне на грбот на граѓаните,“

објаснува Константин Димитров, проф. на Машинскиот факултет во Скопје.

Тој истакнува дека цената од 2,2 евроценти за еден киловат час што ќе ја плаќа Силмак или 3,1 евроцент што ќе ја плаќа Фени е премногу ниска, особено сега кога деветте странски компании кои се јавија на тендер за увоз на струја побараа двојно поскапување на откупната цена на струјата во однос на минатата година.

„Македонија има недостаток, увезува струја, и ако се увезе за пет, а се продаде за 2,2, објаснете ми каде е резонот?“

И граѓаните се согласуваат дека е неоправдано за големите потрошувачи да имаат привилигирани цени за електричната енергија. Тие револтирано реагираат дека сиромашните се оние кои заслужуваат вакви олеснувања.

„Нека му ја простат на сиромашниот.“
„Сиромавиот ќе плаќа за богатиот.“


И покрај досегашните поволности за големите потрошувачи, долговите за неплатена електрична енергија останаа. Вкупниот долг на овие компании кон Електростопанство Дистрибуција е околу 15 милиони евра. Од нив најголем е долгот на компанијата Силмак. Тој изнесува околу 7 милиони евра.
XS
SM
MD
LG