Следна емисија


Анкета

... ... ...

ТВ Интервју

Недела на:

Канал 5 во 16.45
Алсат во 16.15
Ера во 20.00
Тера во 16.45
Калтрина во 18.30
Кис во 19.00
М Охрид во 16.00
Вис во 11.30 и 14.00
Здравкин во 16.45





ЗА НАС


Сите новинари и соработници на Радио Слободна Европа мора да ги почитуваат следните принципи:

Точност

Новинарите на Радио Слободна Европа ќе направат се што е во нивна моќ да осигураат дека сите објавени информации (вклучувајќи ги и оние кои се емитуваат преку Интернет) се фактички точни. Кога постои сомнеж или контроверзност за значајни фактим информациите мора да се засноваат на најмалку два независни извори. Новинарите на Радио Слободна Европа нема да објавуваат материјали кои се базираат на шпекулации и непроверени информации. Фактичките грешки ќе бидат исправени во најкраток можен рок.

Независност

Информациите ќе бидат презентирани врз база на фактички контекст што го подобрува разбирањето за настаните и прашањата и овозможува јасост без дисторција и пристрасност. Новинарите ќе ги презентираат спротиставените и конфликтни ставови на балансиран начин за сите прашања. Кога групи или индивидуалци чиишто ставови се важни за балансираност во програмата одбиваат да дадат коментар, тоа ќе биде објавено во програмата.

Радио Слободна Европа е независна од поитичка партија, владеачка или опозициска група, комерцијална или друга организација од специјален интерес или религиозно тело во или надвор од земјите во кои Радио Слободна Европа емитува радио или телевизиска програма (територија не емитување) и нема да поддржува специфични политички, економски или религиски гледишта.

Анализи, Коментари и Мислења

Сите прилози и публикации треба да содржат елементи на информации за позадината и објаснување за да и помогнат на јавноста подобро да ја разбере значајноста и последиците од информациите што се објавуваат. Новинарите не смеат да вметнуваат лични мислења или оценки во фактички извештаи. Коментарите генерално треба да се одбегнуваат. Радио Слободна Европа испитувања пред лично мислење. Коментари може да се пишуваат од вработените само во исклучителни ситуации само со одобрение на Директорот за емитување или на заменик директорот за емитување. Коментарите на надворешните експерти мора да ги задоволуваат стандардите на Радио Слободна Европа.

Воздржаност и почит

Извештаите секогаш треба да имаат мирен тон и да одразуваат модел на цивилизирана и разумна дебата и да ги почитуваат човековите права на сите лица. Извештаите и публикациите не треба да содржат религиски, етнички, социо економски или културни навреди за ниту едно лице или група и треба да ги почитуваат општо прифатените норми за бонтон и вкус. Извештаите не треба да содржат матреијали кои може да се оценат како провокативни или како поткренувачи на насилство. Програмите за тензични ситуации мора да бидат балансирани и фактички.

Одбегнување на поддршка

Радио Слободна Европа поддржува демократија и човекови права кои се заеднички за демократските држави. Како и да е, Радио Слободна Европа не треба да поддржува усвојување на специфични политики или легислатива, како и да поддржува и да се противи на кандидати за јавно избрани или назначени функции. Радио Слободна Европа ги поддржува правата на сите луѓе на самоопределување како што е наведено во Хелсиншкиот Финален Акт на Конференцијата за Безбедност и Соработка во Европа. Како и да е, извештаите не треба да поддрживаат сепаратистички или сецесионистички барања.

Радио Слободна Европа поддржува слобода на патување и миграции за сите луѓе според меѓународно прифатените норми. Како и да е, извештаите на Радио Слободна Европа не треба да повикуваат на емиграција.

Етичко однесување

Вработените во Радио Слободна Европа како и соработниците на програмите и публикациите мора да се придржуваат до највисоките етички стандарди во своето однесување, особено да одбегнуваат конфликт на интереси, како и да одбегнуваат поврзаност со индивидуалци, групи со политички или комерцијални интереси во и надвор од зоната на емитување. Вработените и соработниците во Радио Слободна Европа не треба да го злоупотребуваат нивниот статус на јавни личности или добрата репутација на Радио Слободна Европа за промоција на лични интереси или за лична корист.