Достапни линкови

Експертите велат дека ваквата појава е во спротивност со принципите во Изборниот законик


Вработувања пред избори, во обид да се освојат симпатиите на потенцијалните гласачи, и да се дојде до повеќе гласови. Ова е сликата која се повторува пред секој изборен циклус во земјава, а за што континуирано се обвинуваат партсиките ривали. Иако од Агенцијата за државни службеници информираат дека заклучно со ноември 2008 година се вработиле над 13 000 луѓе на централно и на локално ниво, од Европската Унија не престануваат барањата за мала и ефикасна администрација во земјава. Експертите во оваа област велат оваа појава е спротивна на правилата и нормите што се предвидени во изборниот законик, а тоа ја доведува во прашање и регуларноста на изборниот процес.

„Оваа појава мора да се спречи, затоа што е во директна спротивност со приниципите на избирачкото право, а тие принципи и норми се наведени во изборниот законик.“

Изјави проф. Осман Кадриу.
Појавата на политизација на државната администрација не е непозната и во европските земји, посочува аналитичарот Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики. Но, она што загрижува кај нас вели таа е злоупотребата на државните службеници за партиски цели:

„Разликата помеѓу тие земји и Македонија е професиналноста на државната служба, значи злоупотребата на државните службеници за време на избори да шират политички, партиски пораки, односно нивното искористување во партиски цели е недозволиво.,,

Експертите посочуваат дека постојат правни механизми кои можат да ја спречат ваквата појава. Еден од нив е постојана и засилена контрола од надлежните органи.

„Треба да реагираат инспекциските служби од Министерството за труд и социјална политика.“

„Таа контрола може да ја прави и законски е овластена за тоа Агенцијата за државни службеници, но за жал таа одговара пред Собранието, во оваа корелација на мнозинска влада неможе да се очекува критичност од Парламентот во однос на партиските вработувања.“


Изјавија Кадриу и Ристевска.
Партизацијата и превработеноста во државната администрација влијаат и на нашите евроатлатски интеграции, предупредува стручната јавност. Реформите во администрацијата, особено нејзината професионалност ќе бидат оценети и во следниот извештај за напредокот на земјата, подготвен од Европската Унија.
XS
SM
MD
LG