Достапни линкови

Инцидентот со уривањето на граничните камења нема да има влијание врз процесот на демаркација


Ниту македонската ниту косовската полиција за сега не се занимаваат со инцидентот за кој беше известено преку медиумите дека се случил на македонско-косовската граница. Македонската полиција не регистрирала инцидент на македонска територија, а од сознанијата што ги добиле преку медиумите тие и не би можеле да реагираат на ваков инцидент зошто тој се случил на косовска територија. Ветон Елшани од косовската полиција вели дека до неа ваков инцидент не е пријавен од страна на комисијата за демаркација на границата.

„Ние не се занимаваме со камањата , каде треба тие да бидат, ако нашата групан за демаркација не повика ние ќе реагираме иналку за нас не постои никакоцв инцидент.“

Неофицијално, извори од косовска страна потврдуваат дека таков инцидент имало и е поврзан со семејство кое смета дека граничниот камен треба да се помести но дека со овој проблем се занимава комисијата за демаркација која побарала документи од ова семејство врз основа на кои би можела и да се наврати на случајот подоцна и евентуално да изврши корекција.
Македонски претставници во комисијата за демаркација велат дека станува збор за поединечни случаи кои се поврзани со криминал со крадење шуми и тврдат дека објавените снимки на албанската телевизија топ ченл се стари и монтирани. На вчерашната средба со косовската страна овој случај не бил воопшто земен предвид.
Дел од аналитичарите гледаат на ваквите инциденти како на обид кој не е поврзан со косовските власти и има намера да се внесе сомнеж кај македонската влада и да се одложи признавањето на Косово.

„Некои разузнавачки служби однадвор со тоа сакаат да ја зголемат дилемата кај македонската влада и македонската јавност околу признавањето на Косово,“

вели аналитичарот Ризван Сулејмани.

Важно е да не се радикализира ваквиот настан кој би бил лесен и за политичка манипулација, коментира Сања Косотовка од центарот за истражување и креирање политики. За сега е важно проблемот да се согледа конкретно на терен во податоци и бројки како и да се решава на индивидуална основа.

„Прво да се добијат официјални и конкретни податоци за тоа што се случило и оттогаш да се пристапи кон решавање на проблемот, односно да се утврди бројот на пограничните семејства коишто имаат проблем со демаркацијата на границата и да се пристапи кон решавање на тој претпоставувам имотно – правен спор,“

вели Костовска.
XS
SM
MD
LG