Достапни линкови

Македонија заостанува во спроведувањето на потребните реформи за членство во ЕУ


До каде сме со исполнувањето на политичките и економските критериуми во согласност со Спогодбата за стабилизација и асоцијација? Токму за тоа денеска и утре ќе дискутираат македонските и претставниците на Европската комисија во Скопје. Од секторот за евроинтеграции велат дека се задоволни од динамиката со која се спроведува спогодбата и оти ќе бараат отпочнување на втората и последна фаза за реализација на истата. На состанокот кој е редовен и се одржува еднаш годишно, ќе има претставници од секое министерство, а токму од нив се очекува поединечно да се презентира напредокот во секоја област. За разлика од оптимистичките тонови од ресорниот сектор, експертите велат дека земјава заостанува со спроведувањето на потребните реформи. Во пресрет на извештајот од Европската Унија во ноември, не очекувам позитивни сигнали, вели политикологот Жидас Даскаловски.

„Правењето на самиот извештај е доста субјективно од страна на Европската комисија. И доколку имаме најави од страна на претставникот на ЕК во Скопје дека многу работи треба да се направат, тоа е индикатор дека тој извештај нема да биде многу во позитивно светло за Македонија.“

Реформите кои од Македонија се бараат не се спроведени, посочува проф Илбер Сеља од Штуловиот Универзитет. Според него не треба да биде изненадување доколку комитетот за стабилизација и асоцијација упати критики до македонската страна.

„Македонија само формално и владата има направено напредок кон исполнување на критериумите од Брисел. Клучните прашања, владата ги нема исполнето, затоа и извештајот ќе биде негативен.“

Експертите укажуваат на потребата од вмнатрешна стаблизација и подобрување на политичката клима во земјава.

„Македонија има внатрешни и надворешни проблеми.“

„Препукувањата меѓу владата и ЕК се непотребни, владата треба да работи колку што може повеќе да ги исполни реперите што се лесно исполниви.“


изјавија Сеља и Даскаловски.

Покрај исполнувањето на политичките и економските критериуми на кои Македонија е обврзана со спогодбата за стабилизација и асоцијација, од нас се бара и спроведување на осуммте главни одредници. Полтичкиот дијалог, имплементацијата на законот за полиција, борбата против корупцијата, намалување на невработеноста се само дел од нив.
XS
SM
MD
LG