Достапни линкови

Без опозиција во парламентот е можна политичка криза, оценуваат аналитичарите


Струмичкиот градоначалник и потпреседател на СДСМ Зоран Заев и четворицата негови соработници ке се бранат од слобода- ова одлуката на истражнуот судија по распитот кој траеше повеке од 12 часа. Ваквиот исход сепак не влијае на одлуката на СДСМ и другите партнери од опозицината коалиција СОНЦЕ да го напуштат парламентот.Пратеникот Владо Бучковски вели дека за тао ке одлучат деновиве

,,Околностите од вчера вечер веројатно ќе имаат влијание на расправата на Извршниот одбор деновиве. До правосилноста на одлуката дека осомничениот Заев и неговите соработници ќе се бранат од слобода ќе треба да причекаме, а со тоа ќе се причека и со конечната одлука на Извршниот одбор."

Инаку парламентот сега работи без опозиција откако претходно и ДПА одлучи да не учествува во неговата работа. Евро амбасадорот Ерван Фуере вчера во експерсна реакција оцени дека парламент без опозиција не е парламент. И домашните аналитичарите со таков став. Професораката од Институот за социолошки и политичко правни истражувања Лидија Христова вели дека функцинирањето на парламенртот на тој начин е можно само технички но тој како што додава нема да има никаков легитимитет.

Опасно е ако ваквата состојба продолжи на подолг рок додава Христова затоа што со тоа се урива суштината на повеке партискиот систем и се создава политика криза во земјата

,,Ако опозицијата излезе од институциите, значи останува улицата таа да ги артикулира своите итенреси. Тоа е најлошото сценарио. Од друга страа, партиите од власта, оставени сами исто така ја подјадуваат демократијата, затоа што од нив прави некритични субјекти, арогантни субјекти итн."

Фуере пак вчера изрази загриженост за начинот на кој што беше извршено преведувањље на Заев. Приведувањето на потпретседателот на главната опозициона партија и градоначалник тој го окарактеризира како сериозен акт и додаде дека владеењето на законот во секое општество подразбира презумпција на невиност. Кај нас сметаат аналитичарите се случува обратното односно презупмпиција на вина:

,,Треба да се биде далеку повнимателен со тие работи. Тука се крши презумпцијата на невиност, се знае и праксата и законската регулатива и се знае во кој случај е нужно сторителите на кривични дела да бидат уапсени,"

вели Христова.
XS
SM
MD
LG