Достапни линкови

Експертите поделени околу натамошниот развој на безбедносната ситуација во Македонија


И покрај очекувањата Македонија да добие покана за членство во Алијансата на априлскиот самит во Букурешт неизвесноста особено отворена поради најавата за вето од грчка страна сеуште постои. Доколку Македонија не ја добие поканата, тоа ќе ги усложни сосотојбите внатре во Македонското општество но и на надворешно политички план, ќе го постави прашањето на одговорноста за евентуалниот таков исход и ќе ги обесхрабри потенцијално заинтересираните странски инвеститори, велат политичките и економските аналитичари.

„Поради тоа што на некој начин членството во НАТО и ЕУ е стабилизатор на состојбите во однос на проблемите што би постоеле меѓу македонскиот и албанскиот политички корпус. Самото невлегување во НАТО ќе значи дека ќе имаме потреба за постабилни, посилни институции, поодговорни политички елити. На надворешен план би пораснале аспирациите на сите националистички, шовинистички кругови од соседните земји, од Грција, Бугарија, Косово, па и Албанија,“

анализира политикологот Жидас Даскаловски

Политичкиот аналитичар Албер Муслиу не очекува позначајни безбедносни бранувања како последица на евентуалниот негативен исход од априлскиот самит.

„Ситуацијата во регионот е прилично под контрола на НАТО, со самото присуство на НАТО во Косово и БИХ. Нашата вклученост, како и вклученоста на Албанија и Хрватска во активностите е прилично објективна, имаме и наши војнииц, така што не мислам дека ќе имаме безбедносни проблеми.“

Во случај Македонија да не ја добие посакуваната покана според Муслиу, таа едноставно би го чекала следниот круг за прием во Алијансата, но тоа според него би го довело во прашање кредибилитетот на самата безбедносна организација доколку и покрај привремената спогодба соседна Грција преку неа ја реализира својата како што вели уцена за решавање на спорот за името.

За економстите ваквиот развој на настаните би значел застој во економскиот развој.

„Тоа евентуално непоканување во НАТО ќе ги обесхрабри во одредена мера странските инвеститори, нешто што е значајно за економијата, ако ги нема во доволен обем ќе има рефлексија во остварувањето на стапките на раст во оваа и следните години,“

вели професорот Томе Неновски.
XS
SM
MD
LG