[ АРХИВА ВЕСТИ ]
[ 11 Мај 2008 ]
Во Макеоднија од полноќ официјално стартуваше кампањата на политичките партии и другите учесници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 1 јуни..Кампањата во која партиите, колициите и независните кандидати ќе можат да ги претстават своите програми ке трае 20 дена. Завршува на 30 мај а денот пред гласањето е изборен молк.
Турската војска денеска соопшти дека измината нок извршила взодушен напад врз позиициите на курдските бунтовници во северен Ирак. Нападот следува откако во петокот следбеници на курдската работничка партија нападнаа турска воена база во близина на границата.
Ирачките власти соопштија дека во Багдад денеска нема немири откако стапи во сила стапи договорот за прекин на огнот кој го постигнаа ирачката влада и шиитските бунтовници лојални на свештеникот Моктада Ал Садр. Судирите мегу американските и ирачките сили со бунтовниците траеа неколку недели а во нив загинаа стотици лица. Претходно ирачката влада соопшти дека ке го задржи правото да ги приведува бунтовници, да претресува куки и да запленува оружје. Во мегувреме како што јавуваат агенциите ирачката војска преземала акција против Ал Каеда во градот Мосул .
Денеска во Србија се одржуваат парламентарни и локални избори. Главната битка за гласови се води мегу проевроскиот блок партии на демократот Борис Тадик и блокот партии кои се против интеграциите на земјата без Косово на чие чело е радикалот Томислав Николик. Како што јавуваат агенциите изборите без инциденти се спроведуваат и во општините во Косово каде што живеат Срби. Според републичката изборна комисија до 10 часот на гласачките места излегле 9,98 насто од гараганите со право на глас.
Авганистанските сили и припадниците на НАТО алијанста во северо источниот дел на земјата убиле осум бунтовнци а привеле четворица –јавуваат агенциите. Пет од бунтовниците како што изјави региналниот административен шеф се убиени во операцијата изведена во провинцијата Пактиа. Другите тројца според портпаролот на војската се убиени во соседната провинција.