
Денеска во Женева ќе биде одржана втората рунда разговори меѓу претставници на Русија и на Грузија, во врска со иднината на Јужна Осетија и Абхазија. Првата рунда одржана минатиот месец заврши без успех поради несогласувањето на Грузија на разговорите да учествуваат и претставници на двата отцепени региона.