Украинскиот претседател Петро Порошенко ја поздрави првата испорака од 10 џипа, кои се дел од американската помош за Украина. Возилата се наменети за украинските сили кои се борат против про-руските сепаратисти. Во наредните 45 дена, треба да пристигнат вкупно 230 вакви возила.