Во САД, одбележување на 11 септември
Во Соединетите држави се одржуваат комеморативни собири по повод 13 годишнината од нападите на Ал Каеда врз Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија на 11 септември 2001 година кога загинаа скоро 3 илјади луѓе. Во Њујорк, роднините ги прочитаа имињата на нивните загинати во нападот врз двете згради на Светскиот трговски центар.