Достапни линкови

Новинарите реагираат


Нацрт-правилникот на Советот за радиодифузија за медиумско однесување пред почетокот на изборната камапања - предмет на жестоки новинарски критики.

Новинарите жестоко реагираат на нацрт-правилникот за однесување на радиодифузерите во периодот пред започнување на изборната кампања, што го донесе Советот за радиодифузија. Некои дури коментираат дека Советот се амбицирал да стане главен и одговорен уредник на сите радија и телевизии.

Според правилникот, се ограничува присуството на политичарите во медиумите од распишувањето на изборите, па се до официјалниот старт на изборната кампања. Денеска има состанок во Советот за радиодифузија, на кој претставници на медиумите ќе ги изнесат забелешките за нацрт-правилникот.
Не може Советот да ограничува, ниту времетраење, ниту избор на гости, ниту начин на презентирање на било каква информација во вестите.

Главната уредничка на телевизијата Канал 5, Лидија Богатинова, реагира на тоа што нацрт-правилникот бил донесен без консултации со медиумите. Ова е класично мешање на Советот во уредувачката политика на медиумите, вели Богатинова.

„Не може Советот да ограничува, ниту времетраење, ниту избор на гости, ниту начин на презентирање на било каква информација во вестите. А, при тоа не водејќи сметка за нивните законски надлежности во време на избори и предизборна кампања. Не ги уредиле тие работи, им се провлекуваат со години, а од друга страна се мешаат во нешто за што не се воопшто надлежни. На тој начин кршат закон користејќи го правилникот.“

На медиумите не им пречи паузата од политички реклами, но се противат да им се ограничи изборот на соговорници.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата Алсат-М, Мухамед Зеќири вели дека правилникот на Советот се прави во согласност со Изборниот законик, но оти има простор за допрецизирање на овој правилник.

„Јас сум меѓу тие што имаат дебатна емисија во телевизија и таа е редовна дебатна емисија. И сега Советот, мислам дека е некоректно да ми забрани да канам политичари. Не може да ни забранат да каниме луѓе од политиката, од политичкиот живот, во овој период додека не започне кампањата имајќи
И сега советот мислам дека е некоректно да ми забрани да канам политичари. Не може да ни забранат да каниме луѓе од политиката од политичкиот живот во овој период додека не започне кампањата имајќи предвид дека ние сеуште не знаеме дали некој од тие кои ќе ги поканиме ќе бидат на изборните листи.
предвид дека ние се уште не знаеме дали некој од тие кои ќе ги поканиме ќе бидат на изборните листи или ќе бидат кандидати на претстојните избори. Како ќе утврди Советот дали тој ќе биде или нема да биде кандаидат на листите и по која основа треба да ме казнуваат мене како водител на емисијата?“

Според правилникот, радијата и телевизиите ќе може да известуваат за активностите на политичките партии, но тоа не смее да биде во функција на медиумско изборно претставување. Информациите за активностите на политичките партии може да бидат пласирани во вестите, но не и во другите информативно политички емисии и нема да смее да се користат директни изјави од политичарите што се однесуваат на нивна или партиска промоција. Од распишувањето на изборите, па се до официјалниот старт на изборната кампања, телевизиите и радијата ќе може да интервјуираат политичари само во вестите, но не и во другите политички емисии. Интервјуата може да траат до 10 минути, а дебатите најмногу до 15 минути. Во останатите информативно-политички емисии може да се обработуваат теми поврзани со изборите, но преку „анализи на политички независни и стручни соговорници“.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG