Достапни линкови

Кој добива од бомбашкиот напад во Белорусија?


Во Белорусија денеска е ден на жалост за жртвите од бомбашкиот напад врз метрото во Минск. Во нападот што се случи во понеделникот загинаа најмалку 12 луѓе, додека над 150 се ранети. Властите соопштија дека уапсиле двајца осомничени и оценија дека станува збор за терористички напад. Се појавија и шпекулации за тоа кој би можел најмногу да добие од сегашната безбедносна криза во земјата.

Веднаш по експлозијата во метрото во Минск, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко оцени дека станува збор за обид за дестабилизација на земјата.

„Не исклучувам дека ова е ’подарок‘ од странство. Не го исклучувам тоа, но ние мора да бараме и внатре во земјата.“

Во Белорусија секој се обидува да одговори на прашањето кој добива од вакви терористички акти и крвопролевање?

Според мислењата објавени на белорската интернет и блогосфреа, најмногу полза од трагедијата ќе извлече самиот Лукашенко, кој може безбедносната криза да ја искористи како предтекст за многу натамошни политички потези.

Во изминативе недели владата беше потресена од економски проблеми и принудена да побара од Русија над три милијарди долари за итна стабилизација на економската состојба.


Нападот би можел да биде искористен за справување со опозицијата или за оправдување на острите мерки.

Истражните органи потврдија дека експлозивот бил детониран со далечински управувач, што наведува на заклучокот дека нападот бил добро и внимателно подготвуван.

Владимир Луценко, полковник во Руската федерална безбедносна служба, изјави дека со стопроцентна сигурност може да се каже оти нападот во Минск бил дело на меѓународниот исламски тероризам, а шпекулациите дека зад него стојат властите или опозицијата во Белорусија ги нарече за глупави.
Мислам дека би можело да има прераспределба на влијанието во рамките на владејачката елита и не сум сигурен оти таа ќе биде во корист на безбедносните структури. Тие станаа премногу силни во последно време и режимот е премногу зависен од нив.

„Тие истото тоа го рекоа и за Москва, дека Федералната служба ја крева во воздух Русија, дека Путин кревал во воздух домови на цивили за да остане на власт. Слушавме вакви бесмислици и претходно и не сум изненаден што ги слушам повторно.“

Но, и покрај сигурноста на Луценко, Белорусија нема историја поврзана со исламски тероризам.

Во 2005 година од бомба во Витебск биле повредени 40 луѓе. Непозната антивладина група ја презеде одговорноста, но никој не беше осуден.

Пред три години, на концерт по повод Денот на незвисноста на кој присуствувал и Лукашенко, во експлозија на бомба биле повредени 50 луѓе. И овој напад никогаш не беше решен и покрај огромната истрага во земјата.


Белорускиот политички аналитичар Јури Чавусау не ја исклучува можноста претседателот Лукашенко нападот да го искористи за политички цели, односно против опозицијата, но и против оние што му помогнаа во справувањето со опозицијата.

„Мислам дека би можело да има прераспределба на влијанието во рамките на владејачката елита и не сум сигурен оти таа ќе биде во корист на безбедносните структури. Тие станаа премногу силни во последно време и режимот е премногу зависен од нив.“

Отстранувајќи ги клучните функционери во безбедносните служби кои ги спроведоа острите мерки против опозицијата по претседателските избори во минатиот декември, според Чавусау, би можело да му помогнат на Лукашенко да ја поправи својата слика на Запад кој поради ова прашање воведе санкции против Белорусија.

Минск - Експлозија во метрото
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:51 0:00
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG