Достапни линкови

Ќе ги следи ли ОБСЕ изборите?


Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР врши проценка по што ќе одлучи дали и колку набљудувачи ќе го следат изборниот процес во Македонија. Опозицијата бара засилено присуство.

По завршувањето на средбите на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР со политичките чинители во земјава ќе се знае дали и колку набљудувачи ќе испратат за мониторинг на претстојните предвремени парламентарни избори, информира портпаролот на ОДИХР, Јенс Ешенбахер.
Ние се консултираме со сите чинители во изборниот процес. Разговараме со претставници на политичките партии, изборната аминистрација, претставници на медиумите итн. Мисијата за проценка на потребите наскоро ќе поднесе извештај со препораки – дали ОДИХР треба да ги набљудува претстојните избори и ако треба, во кој формат да го направи тоа.

„ОБСЕ/ОДИХР има мисија за проценка на потребите во земјата во моментов. Ние се консултираме со сите чинители во изборниот процес. Разговараме со претставници на политичките партии, изборната аминистрација, претставници на медиумите итн. Мисијата за проценка на потребите наскоро ќе поднесе извештај со препораки – дали ОДИХР треба да ги набљудува претстојните избори и ако треба, во кој формат да го направи тоа“, вели Ешенбахер.

Граѓанската асоцијација МОСТ, пак, распоредува домашни набљудувачи за изборите. Извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов вели дека тие ќе распоредат околу 3,5 илјади набљудувачи кои ќе покријат две третини од гласачките места - исто како и на претходните изборни циклуси. Самиот изборен ден и не е единствениот фактор по кој се оценува квалитетот на изборниот процес и затоа ние сме во финална фаза од подготовките за почеток на набљудувањето, вели Алексов.

Архивска фотографија: Предизборие 2006 година

„За нас е веќе започнато, меѓутоа официјално започнува од денот на распуштање на Собранието и распишување на изборите, и отпочнување на сите оние законски рокови за спроведување на изборниот процес од страна на надлежните институции како и од страна на учесниците во изборите, без разлика дали станува збор за политичка партија или независна кандидатска листа.“

По лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и претседателот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски, побара „пошироко меѓународно присуство“ за набљудување на изборите. Во партиското соопштение, по вчерашната средба меѓу лидерот на СДСМ и делегација на ОБСЕ/ОДИХР, се наведува дека Црвенковски потенцирал дека, „имајќи ја во предвид лошата организација на изборите во 2008 година и фактот што за прв пат во Македонија се оди на
За нас е веќе започнато, меѓутоа официјално започнува од денот на распуштање на собранието и распишување на изборите, и отпочнување на сите оние законски рокови за спроведување на изборниот
процес.
избори без консензус на власта и опозицијата околу клучните услови за избори, овој пат е потребно пошироко меѓународно присуство за набљудување на истите.“

Пратеникот Тахир Хани од албанскиот партнер во власта ДУИ, вели дека немаат против да има повеќе меѓународни набљудувачи, со цел регуларноста на изборите да биде потврдена и од меѓународниот фактор.

„ДУИ не е против можноста да имаме фер и демократски избори во Македонија, со гаранција дека нема да има никаков притисок или нерегуларно однесување на политичките партии или дејствија што не се во рамките на изборниот законик.“

Делегацијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска се среќава со лидерот на Нова демократија Имер Селмани. Во партијата најавија дека, по средбата, ќе ги соопштат забелешките што ги претставиле пред странската делегација.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG