Достапни линкови

Решение за името, па НАТО


Помошник генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика, Дирк Бренгелман во Скопје.

НАТО останува на одлуката Македонија да биде дел од Алијансата, веднаш кога ќе го реши прашањето за името. Не поставува крајни рокови до кога земјава би требало да добие полноправно членство. Ова е пораката којашто ја упати помошник генералниот секретар на НАТО за политички односи и безбедносна политика, Дирк Бренгелман по средбата со шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски.

„Забележав дека е постигнат натамошен успех во врска со нашите цели за членство и посветени сме на тоа да ја направиме земјата членка на Алијансата откако ќе се постигне некаков договор со грчката влада. Во меѓувреме забележавме дека е постигнат напредок во многу полиња, особено во однос на Охридскиот рамковен договор кој летово одбележува десетгодишнина“, рече Бренгелман.

Задоволен од сработеното е министерот Милошоски. Тој изјави дека
Сметам дека Македонија му припаѓа на НАТО, толку колку што и НАТО и припаѓа на Македонија. А, сметам дека таа врска е многу длабока и
силна.
членството на Република Македонија во НАТО останува наша стратешка цел.

„Сметам дека Македонија му припаѓа на НАТО, толку колку што и НАТО и припаѓа на Македонија. А, сметам дека таа врска е многу длабока и силна.“

На прашањето дали одлуката на судот во Хаг во однос на процесот кој таму се води ќе влијае врз Алијансата повторно да ја разгледа одлуката за членство на земјава, амбасадорот Бренгелман повтори дека одуката останува иста се до моментот кога двете страни ќе најдат заедничко решение.

„Нема да шпекулирам, бидејќи ние не сме дел од тој процес. Но важно е да се напомене дека ние ќе продолжиме да соработуваме во рамките на акциониот план за членство и ќе постигнеме натамошен успех.“

Бренгелман додаде дека се надева оти изборите ќе бидат фер и демократски и ќе го забрзаат политичкиот развој.

„Постои и се надеваме дека и во иднина со еден конструктивен пристап ќе можеме да создаваме услови за приближување на позициите, со конечна цел - надминување на билатералниот спор“, изјави Милошоски.

Во меѓувреме, експертите предупредуваат дека земјава треба да продолжи со работа на политичките критериуми за влез во Алијансата, а тоа вклучува реформи во судството, јавната администрација, политички дијалог и слобода на медиуми.

Во моментов, Македонија се наоѓа во дванаесеттиот акционен циклус за членство, а тоа значи дека досега постигнатите реформи треба да се одржат, а истовремено таму каде што е потребно тие да се продлабочат.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG