Достапни линкови

Избори на 5 јуни


Се договорија да не се договорат, но избори ќе има со учество на сите.
Се договорија да не се договорат, но избори ќе има со учество на сите.

СДСМ не се враќа во парламентот, но прифаќа избори. Груевски предлага изборите да се одржат на 5 јуни

На одделните прес-конференци на лидерите на двете најголеми политички партии Груевски и Црвенковски, од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека согласно
Откако достави до нас десетици и десетици барања и постави десетици и десетици услови за одржување на избори, откако сите услови и барања му ги прифативме и се во фаза на спроведување, денеска Бранко Црвенковски го слушаме како храбро вика дека се откажува од сите услови и барања. Се прашувам, зошто тогаш губевме толку
време?
Уставот и законите и предвидената динамика до Собранието ќе предложат предвремените парламентарни избoри да се одржат на 5 јуни, а во СДСМ претходно, Црвенковски изјави дека неговата партија се откажува од сите барања и ќе учествува на изборите.

Груевски, коментирајќи ја одлуката на СДСМ, рече дека Црвенковски и неговата партија ја измалтретирале целата македонска јавност и меѓународната заедница

„Откако достави до нас десетици и десетици барања и постави десетици и десетици услови за одржување на избори, откако сите услови и барања му ги прифативме и се во фаза на спроведување, денеска Бранко Црвенковски го слушаме како храбро вика дека се откажува од сите услови и барања. Се прашувам, зошто тогаш губевме толку време?“

Бранко Црвенковски

Одлуката, според Груевски, Црвенковски ја донел „откако видел дека коалицијата на власт и покрај неговите уцени, блефови и деструктивни однесувања и закани за египетски и туниски сценарија, решила да оди на избори“.

Црвенковски, пак, рече дека нема да му дозволи на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да ја натера опозицијата на бојкот. Партијата нема да се врати во парламентот, и повеќе нема да водиме никакви преговори со ВМРО-ДПМНЕ и власта, изјави претседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски на прес-конференција во партиското седиште.
Господине Груевски, донесете каков сакате изборен закон. Направете каков сакате избирачки список. Потрошете колку сакате буџетски пари за себе рекламирање. Кажете го денот на избори – ние сме тука.

,,Господине Груевски, донесете каков сакате изборен закон. Направете каков сакате избирачки список. Потрошете колку сакате буџетски пари за себерекламирање. Кажете го денот на избори – ние сме тука.“

Одлуката на СДСМ дека оди на избори без никакви услови ја комнтираа и во ДУИ. Во оваа партија претходно изјавуваа дека мора да има избори со или без опозицијата но во измнатиов период се залагаа дека сите партии треба да одат на избори,

„Мислам дека ова е добар потег и по изборите нема да има криза. Во моментов нема ниту една партија која ќе ги бојкотира изборите. Битно е да имаме фер и демократски избори“, изјави пратеникот Тахир Хани од ДУИ.

На прес- конференцијата во партиското седиште, Груевски изрази уверување дека фер, слободни и демократски избори ќе има. Последните случувања на политички план го одбележаа барањето на Црвенковски, Управата за јавни приходи да не презема дејства против А1 до изборната кампања и одговорот на лидерот на владеачката партија Груевски кој беше во насока на препорака тој да се откаже од незаконски барања. Во меѓувреме во собраниска процедура на комисија поминаа измените на изборниот законик со што се отвора пат по нивното усвојување и за предлог за распуштање на Собранието. Собарнието треба да избере и претседател на ДИК.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG