Достапни линкови

Очекувања од Хаг?


Македонската делегација на расправата во судот во Хаг
Македонската делегација на расправата во судот во Хаг

Според силата на изложените аргументи во Хаг, може ли Македонија да очекува победа или и двете страни ќе бидат прогласени за виновни? Експертите поделени.

Ставовите на македонската страна пред Хашкиот судот на правдата за тужбата против Грција и контрааргументите на нашиот јужен сосед за експертите биле очекувани. Некои од нив сметаат дека процесот нема да заврши правно и двете страни ќе бидат прогласени за виновни, а други пак дека Макеоднија ќе излезе како победник.

Македонија бара судот да и нареди на Грција да не го блокира членството во НАТО и да не го попречува
Пресудата ќе биде некакво соломонско решение каде што нема да биде во прилог на една или друга страна, туку дека судот ќе го стави тоа во политички контекст на мирот во регионот, потребата да се најде заедничко прифатливо решение итн.
зачленувањето во ЕУ, бидејќи со тоа го прекршува членот 11 од Времената спогодба. Грција, пак, се брани со антиквизацијата на Македонија и со тоа дека одлуката на самиотот во Букурешт била донесена едногласно.

Професор Денко Малески вели дека одлуката на судот нема да биде толку поволна за Македонија, бидејќи таа ќе биде потврда на суштината на Времената спогодба со која земјава земала меѓународна обврска да најде компромисно решение со Грција.

„Пресудата ќе биде некакво соломонско решение каде што нема да биде во прилог на една или друга страна, туку дека Судот ќе го стави тоа во политички контекст на мирот во регионот, потребата да се најде заедничко прифатливо решение итн.“

Претставниците на грчката делегација

Професор Владимир Ортаковски вели дека одлуката на судот е обврзувачка:

„Таа е конечна и без право на жалба и треба да имаме предвид дека членките на ОН имаат преземено обврска да ја прифатат одлуката на Меѓународниот суд на правдата во секој спор меѓу две страни. Значи, исходот, очекувањата, имајќи ги во предвид силата на аргументите кои што успешно ги изложуваме деновиве, очекувам да биде во наша полза.“
Значи, исходот, очекувањата, имајќи ги во предвид силата на аргументите кои што успешно ги изложуваме деновиве, очекувам да биде во наша полза.

Според Малески одлуката на судот ќе биде спроведена само ако двете страни бидат согласни, што Грција одби да го прифати уште пред почетокот на процесот.

„Бидејќи таква согласност Грците веднаш одрекоа и рекоа дека тоа не може да влијае врз институции како што се НАТО, бидејќи тоа не е ситуација, тоа право во крајна линија ќе зависи од волјата на државите дали ќе го прифатат или не, така што тука уште еднаш ќе се отвори уште една дилема за што беше целото ова судење.“

Македонија на 28 март ќе има можност устно да одговори на одбраната на Грција, а јавната расправа ќе заврши на 30 март со завршниот збор на грчката страна.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG