Достапни линкови

Неизвесно дали ќе се стигне со прочистувањето на избирачкиот список


Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, не кажа дали ДИК ќе стигне со проверките за да може да се оди на избори на 5 јуни со прочистен Избирачки список, но нагласи дека нема да го потпише избирачкиот список доколку има и еден сомнителен случај.

Работата на ДИК сè уште не е завршена, бидејќи Избирачкиот список е прочистен само од починатите 1.129 лица, за кои ДИК утврди дека се бришат од списокот. Остануваат уште 10.224 лица од повеќе општини кои треба да се внесат по теренската проверка на ДИК.

Ниту еден гласач не смее да остане сомнителен. Само еден таков гласач да има, јас ќе бидам во дилема дали да го потпишам избирачкиот список.
Александар Чичаковски , претседател на ДИК

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, не кажа дали ДИК ќе стигне со проверките за да може да се оди на избори на 5 јуни со прочистен Избирачки список, но нагласи дека нема да го потпише избирачкиот список доколку има и еден сомнителен случај.

„Ние сме упатени на соработка со институциите. Затоа не можеме денеска да излеземе со прецизна оценка уште колку време ќе биде потребно за целосно прочистување на списокот. Институциите треба да направат дополнителни проверки. Ниту еден гласач не смее да остане сомнителен. Само еден таков гласач да има, јас ќе бидам во дилема дали да го потпишам избирачкиот список“, рече претседателот на ДИК.

Членот на ДИК од СДСМ, Виолета Дума, оцени дека многу мал дел од заложбите да се прочисти избирачкиот список од сомнителни лица се завршени и оти во целост се завршени само податоците за починатите лица кои треба да се избришат од избирачкиот список, додека Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека 90 проценти од работата е завршена и смета оти МВР од еден до три дена може да ги провери податоците што недостасуваат и со тоа оцени дека ќе бидат исполнети условите да се одржат кредибилни избори на 5 јуни. Дума кажа дека е невозможно за два до три дена да се обработат тие податоци, бидејќи проверката во МВР по однос на личната документација на граѓаните сè уште не е ниту до половина работа.

„Нашата задача не е завршена во целост. Многу работи се почнати, но досега е извесно само бришењето на починатите. Согласно пресекот, до 5 април, од вкупно 41.863 барања за лични карти, проверени се 19.689, односно 41 процент, и од вкупните барања за патни исправи проверени се само 12 отсто. Денот има 24 саати, за сè она што треба да се направи, нема време. Зошто ги минимизирате работите? Ние имаме добиено податоци, меѓутоа по проверка можеме да каже дефинитивна спорна бројка. Денеска сите знаеме дека нашата дадена задача не е завршена во целост“, посочи Виолета Дума од СДСМ.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ со поинаков став.

„Не се согласувам со Дума, 91 процент од институционалната проверка е завршена. Јас верувам дека во рок од 3 дена, МВР може да даде податоци и за граѓаните кои не успеавме преку теренската проверка да ги најдеме дома. Од министерството кажаа дека се работи во три смени, така што во текот на денов јас очекувам напредок“, рече таа.

Според Бонева, списокот е безмалку чист, а набргу ќе биде прочистен до ниво на кое Македонија треба да биде горда.

И членот на ДПА Бедредин Ибраими, смета дека Избирачкиот список од 2013 е точен.

Предмет на административна проверка беа 72 илјади лица кои ги има само во базата на податоци на МВР, а ги нема во другите бази на податоци. При тоа, откриени се 1.184 лица со непознат статус, што значи дека за нив не е отворен единствен матичен број, а се наоѓаат во Избирачкиот список.

Во евиденцијата на Управата за матична евиденција откриени се 67 лица кои не поседуваат ниту патна исправа ниту лична карта.

МВР треба да го објави прочистениот избирачки список еден ден по распишувањето на изборите.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG