Достапни линкови

Нов бран бегалци од Сирија кон Турција


Нов бран бегалци од Сирија кон Турција
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:53 0:00

Нов бран бегалци од Сирија кон Турција

Турските хуманитарни организации почнаа да поставуваат привремени засолништа и да доставуваат храна за десетиците илјади Сиријци кои се наоѓаат на границата со Турција. Тие почнаа да бегаат откако владините сили ги зголемија нападите врз териториите што се под контрола на бунтовниците во Алепо.

Турската хуманитарна фондација за помош објави снимки на кои се гледаат долги редици луѓе кои чекаат за храна во кампот Баб ал Селама во Сирија. Во исто време во кампот почнаа да пристигнуваат нови бегалци.

На граничните премини со Сирија, кои скоро една година беа затворени, пристигнуваат нови бегалци кои се сместуваат во кампови на сириската страна на границата, каде што, според турските хуманитарни работници, тие засега биле безбедни.

Камиони од Турција влегоа во Сирија за да им однесат помош на бегалците.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, која со години ја следи војната во Сирија, соопшти дека воздушните напади, најверојатно изведени од руски воени авиони погодиле неколку села северно од Алепо и кои се наоѓале на патот кон Турција.

Во деловите околу Алепо, најголемиот сириски град пред почетокот на војната, се уште има над 350 илјади луѓе и се страхува дека тие би можело да тргнат кон турската граница доколку градот падне во рацете на владините сили.

„Бевме нападнати додека се одмаравме по борбите на линијата на фронтот. Шрапнели ме погодија во окото и во ногата. Ќе се вратам да се борам против Асад кога ќе се излекувам“, вели Касим Генко, сириски опозициски борец кој пристигна од Алепо.

​Во деловите околу Алепо, најголемиот сириски град пред почетокот на војната, се уште има над 350 илјади луѓе и се страхува дека тие би можело да тргнат кон турската граница доколку градот падне во рацете на владините сили.

Руската интервенција во сириската граѓанска војна, според посматрачите, ја наруши рамнотежата во конфликтот во полза на сирискиот претседател Башар ал Асад, а на штета на бунтовниците против неговиот режим.

Напредокот што го постигнаа сириската армија и иранските борци се заканува со отсечување на клучните патишта од Турција преку кои се снабдуваат бунтовниците.

Турција им дава помош на цивилите кои бегаат од Сирија, но Анкара се најде под растечки притисок од Соединетите Држави кои бараат поцврсто обезбедување на границата.

Турција е и под притисок на Европската унија која бара од неа задржување на бранот бегалци. Европската унија повтори дека Анкара има обврска да ги држи нејзините граници отворени за бегалците, но исто така и да го намали бранот бегалци кон Западна Европа.

Брисел вети дека за таа намена ќе и даде помош на Турција од 3 милијарди евра. Во Турција сега има над 2,5 милиони Сиријци, што е најмногу во светот.

Земањето на целата контрола врз Алепо ќе биде голема стратегиска награда за владата на Асад во петгодишниот конфликт во кој загинаа најмалку 250 илјади луѓе и кој принуди 11 милиони лица да ги напуштат домовите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG