Достапни линкови

Македонија со нова ограда на границата со Грција


Македонија со нова ограда на границата со Грција
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:29 0:00

Македонија со нова ограда на границата со Грција

Македонската армија во неделата почна да гради нова, поголема ограда на границата со Грција со цел зголемување на безбедноста.

Според официјални армиски лица, новата ограда ќе биде долга 37 километри и на само пет метри од оградата што беше подигната во ноември лани.

Тоа е со цел да и се даде повеќе време на полицијата за да реагира во спречувањето на влегувањето на економските мигранти на кои не им е дозволено да ја минуваат границата.

Над еден милион луѓе избегаа од сиромаштија, војна и репресијата на Блискиот Исток, Азија и Африка и дојдоа во Европа во 2015 година.

Само од почетокот на годинава повеќе од 62.000 луѓе пристигна во Грција. Балканските држави долж трасата не им дозволуваат премин на сите оние кои не доаѓаат од конфликтните региони на Сирија, Ирак или Авганистан.

Полициски началници од Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија се состанаа во Скопје во минатата недела и се согласија дека оние без валидни патни лични карти нема да бидат пропуштани.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG