Достапни линкови

Малите партии ќе им ја матат водата на големите


Новите играчи на политичката сцена имаат тешка задача да соберат гласови и само ако настапат заедно ќе може да влезат во Парламентот.

Појавата на иницијативи за формирање на нови политички партии и најавите за самостоен настап на некои помали го отвораат прашањето - Дали е можно ново раздвижување на политичката сцена во Македонија? Меѓу новите субјекти во најава е партијата „Левица“ која влезе во процес на собирање на потписи за регистрација, новото политичко движење „ФРОДЕМ“; партијата „Унитети“, партијата „Беса“ и движењето за реформи на ДПА во албанскиот блок, а партијата Демократски сојуз најави самостоен настап на следните парламентарни избори.

Гласањето во Македонија главно е клиентелистичко, така што новите играчи на политичката сцена имаат навистина тешка задача да земат гласови од постоечките партии. Единствен успех би можеле да имаат кај оние гласачи коишто не мораат да гласаат за некоја од партиите, односно гласачи од висока средна класа во Македонија коишто не се принудени да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или ДПА.
Миша Поповиќ, Институт за демократија Социетас цивилис.

Во услови на претпоставка дека дел од малите партии ќе соберат потписи за регистрација, постојат две можности да добијат гласови, вели Миша Поповиќ од Институтот за демократија Социетас цивилис: дел од гласовите на неопределените гласачи, односно околу 10 отсто кои би можеле да бидат мотивирани од нови партии и преземање на гласови од постоечките партии.

„Гласањето во Македонија главно е клиентелистичко, така што новите играчи на политичката сцена имаат навистина тешка задача да земат гласови од постоечките партии. Единствен успех би можеле да имаат кај оние гласачи коишто не мораат да гласаат за некоја од партиите, односно гласачи од висока средна класа во Македонија коишто не се принудени да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ или ДПА“, вели Миша Поповиќ.

Поповиќ додава дека на изборите во април ќе има гласачи кои ќе гласаат против некои од партиите и затоа, според него, за новите играчи на политичката сцена ќе треба да биде однапред јасно дали ќе бидат во коалиција.

Политичкиот аналитичар Насер Зибери смета дека постои амбиент за појавување на нови политички субјекти во земјава, но вели дека нивниот резултат многу зависи од моделот според кој ќе се организираат изборите.

„Со оглед на тоа што Македонија има пропорционален изборен модел и тој е регионален со шест изборни единици и не ги фаворизира доволно субјектите кои се формираат пред изборите. Така што нивната шанса може да биде доколку се прегрупираат, односно најдат заеднички точки за заеднички настап, односно коалиции. Во спротивно тие би останале надвор од Парламентот и нивните гласови ќе се преточат во мандати кај поголемите и поетаблирани партии кои веќе функционираат“, вели Зибери.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG