Достапни линкови

Рапери од Тетово со песна против загадувањето на воздухот


Енис Шкријељ и Душко Илиевски
Енис Шкријељ и Душко Илиевски

Постојаното загадување на воздухот во Тетово и институционалната негрижа стана тема и во музичкото творештво. Рап група на млади тетовци со порака дека сакаат чист воздух.

„Вози негде подалеку од чадојве, не сакам ја овде да се разболем, Тетово смо град најзагаден, ја немам бел дроб ми се зацрни братче, не мора ни да дувам свекако сум парче. Дај да бегамо од градов, нека иде налет да искулирамо малце било Шапка било Кале, зошто погледот горе е подруг, не дишимо отрув, строго чист воздух.“

Дај да бегамо од градов, нека иде налет да искулирамо малце било Шапка било Кале, зошто погледот горе е подруг, не дишимо отрув, строго чист воздух.
Дел од песната на рап групата „Говеда“

Ова е дел од песната на рап групата Говеда, насловена Ап ин смог (Up in Smog), со која младите тетовци го искажуваат револтот од постојаното загадување на воздухот и тоа што институциите не превземаат ништо за надминување на состојбата.

Тоше Николовски.
Тоше Николовски.

„Се повеќе и повеќе сме загрижени. Како што гледам последно, Тетово е прв во светот по загадување. Навистина сум загрижен, не знам здравствено дали ќе успееме да го поднесем ова. Ама ќе продолжиме да се бориме. Ние можеме многу малку да направиме, само притисок може да се случи кон тие што треба нешто да превземат“, објаснува Тоше Николовски од рап групата Говеда.

Раперите велат дека песната за која има и спот е направена пред една година во 2014, но за жал ќе биде актуелна и годинава како и во иднина.

„Живееме секој ден, секој до нас живее во градов и се дави од воздухот. И тоа ни беше идејата да го кажеме револтот. Се надевавме дека ќе дојде до некого и дека нешто ќе се превземе повеќе луѓе да го слушнат. Малку да се свесне народов дека треба и тие нешто да превземат. Бидејќи ние колку што можеме на пример правиме за да допре до некого, да се направи нешто бидејќи е крајно време нешто да се направи. Сите живееме во ова и сите се давиме“, вели 28 годишниот Енис Шкријељ, член на групата.

Се трудиме на хумористичен начин со малку хумор да навлеземе во човечката психа, да го прифататат проблемот. Зарем треба да умре некој или посериозно да се случи нешто за да се превземе нешто за ова. Не е работа ова, вели најмладиот член Душко Илиевски.

Сепак имаат надеж дека нешто ќе се смени и дека во иднина нивното творештво ќе биде насочено кон други теми.

„Има материјал многу. Инспирација имаме многу живееме во таква околина. Не сакаме искрено да се повтори да снимиме таква песна. Сакаме за нешто поубаво, попозитивно да направиме. Треба да се реши овој проблем од каде ќе црпиме инспирација да снимаме за други работи. Да не се замараме повеќе...Еј немаме вода, еј воздухот не ни чини, еј депонијата....Да се средат и да ги нема тие проблеми.“

И во текот на 2015 година во Тетово речиси секој ден во воздухот се регистрира повеќе кратно присутсво на пи-ем 10 честитки кои се канцерони материи.

XS
SM
MD
LG