Достапни линкови

Говорот на омраза на „Ѕидот на срамот“


Ѕид на срамот за говорот на омраза во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00

Ѕид на срамот за говорот на омраза во Македонија

За подигнување на свеста во борбата против говорот на омраза активисти на Хелсиншкиот комитет на улица Македонија поставија „Ѕид на срамот“ со примери на говор на омраза во медиумите и на личности кои го практикуваат и поттикнуваат.

Ниска свест кај граѓаните, непреземањето мерки од страна на надлежните институции, како и неказнувањето на сторителите и слабата законска рамка се заклучоците од анализата на состојбата со говорот на омраза во Република Македонија изготвена од Хелсиншкиот комитет.

Елена Брбесска, поектен координатор во Хелсиншкиот комитет вели дека најголем број од пријавите на говор на омраза биле врз основа на националност, јазик и етничка и верска припадност, а по нив следат пол, род и сексуална ориентација. Според неа, најголема застапеност на говорот на омраза има за време на изборите, кога е застапен и говор на омраза врз основа на политичка припадност.

„Она што е најважно да се напомене и што е заклучок во оваа анализа е дека говорот на омраза води директно кон дела од омраза. Тоа е особено она што сакаме да го потенцираме и тоа е она што е најважно зошто мораме да да се спротиставиме на говорот на омраза, заради тоа што тој директно продуцира насилство од омраза што води кон се посериозни последици“, смета Брбеска.

Директорот на ЛГБТИ Центарот, Кочо Андоновски вели дека за разлика од пред десет години кога за прав пат во јавноста се декларирал како геј ситуацијата е драстично влошена. Според него, говорот на омраза не само што е станат секојдневие, туку е влезен и во домовите. Тоа, како што додава е запрепастувачки за едно општество кое би требало да биде современо.

институциите. не само не се борат против говорот на омраза, не само што нe го санкционираат, туку највисоките преставници на институциите го поттикнуваат и го практикуваат на секојдневна основа

„Разликата се случи со тоа што можеме да видиме што значи кога институциите имаат волја да го сузбиваат и да се борат против говорот на омраза и како тој не е толку присутен во општеството и што значи кога институциите. не само не се борат против говорот на омраза, не само што нe го санкционираат, туку највисоките преставници на институциите го поттикнуваат и го практикуваат на секојдневна основа“.

Дека насилството од вербално станало физичко, потсетува Андоновски е тоа што Центарот за поддршка на ЛГБТИ заедницата бил нападнат шест пати.

Државата и институциите очигледно немаат намера и немаат волја да се борат со тоа. Немаме казнувања со што всушност и се поттикнува уште повеќе говорот на омраза“, додава Андоновски.

За подигнување на свеста во борбата против говорот на омраза Хелсиншкиот комитет ќе спроведе и платформа на која може да се вклучат сите заинтересирани, а на улица Македонија беше поставен и „Ѕид на срамот“ со примери на говор на омраза во медиумите и на личности кои го практикуваат и поттикнуваат.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG