Достапни линкови

Кој да ги контролира прислушувачите?


Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите.
Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите.

Опозицијата се повикува на извештајот на Прибе во однос на прислушувањето, додека пратеникот Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ е скептичен кон наодите во извештајот на европскиот експерт.

Предлог реформите за надзор на УБК и следење на комуникациите, согласно извештајот на Прибе, кои се однесуваат на следењето на комуникациите објавени пролетта 2015 година предизвикаа расправии и меѓусебни обвинувања на седницата на Комисијата за надзор над спроведувањето на посебните истражни мерка и Комисијата за надзор над работата со Управата за безбедност и Агенцијата за разузнавање.

Жалам што министерот избегна јавна дебата во делот на забелешките на Прибе. Жалам што денес мора да кажам за мојата држава дека експертскиот извештај на Прибе укажува на целосен распад на македонскиот систем. Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски ги поткопала основните начела на уставниот поредок. На овој начин го држеле под контрола општеството и ја обезбедувале власта.
Горан Мисовски, НСДП.

Пратениците расправаа кој се залагал повеќе за поквалитетни служби, а претседавачот на Комисијата Горан Мисовски изрази жалење што на седницата не присуствуваше министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

„Жалам што министерот избегна јавна дебата во делот на забелешките на Прибе. Жалам што денес мора да кажам за мојата држава дека експертскиот извештај на Прибе укажува на целосен распад на македонскиот систем. Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски ги поткопала основните начела на уставниот поредок. На овој начин го држеле под контрола општеството и ја обезбедувале власта“, рече Мисовски.

Осврнувајќи се на забелешките на групата на Прибе, каде стои дека содржините од снимките што ги објави опозицијата упатуваат на злоупотреба на моќта од високи службеници, Мисовски рече дека групата на Прибе го демантира премиерот Груевски кој кажуваше дека Македонија била таргет на снимање на телефонски разговори од страна на странска служба.

Лично чувствувам потреба да изразам резерва кон сите наоди во овој извештај кој ги има Прибе, бидејќи не е возможно, без разлика колку голем експерт сте, во седум дена да направите реална проценка на политичката и безбедносната состојба и притоа да дадете извештај за надминување на таквите состојби. Овој извештај е субјективен извештај направен врз субјективни искази на лицата кои биле предмет на соработка со оваа група.
Павле Саздов, ВМРО-ДПМНЕ.

„Премиерот Груевски до денес не кажа која странска служба стои зад оваа негова изјава“, рече тој.

Хари Локвенец од СДСМ, кој беше копретседавач на седницата, рече дека една од слабостите поради кои се случило прислушувањето е недостатокот од парламентарен надзор над службите. Тој рече дека и во извештајот на Прибе е констатирано дека државата во теорија има систем на контрола преку комисиите, но дека едната од службите од формирањето во 2006 не профункционирала, а дека другата се состанала осум пати.

„Денес не треба да се обвинуваме меѓу себе затоа што сите тука или повеќето од нас сме биле предмет на следење на комуникациите. Затоа најдобро е да позборуваме како да профункционира системот на парламентарна контрола преку кој ќе се гарантира дека ова никогаш повеќе нема да се повтори“, рече Локвенец.

Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ изрази лични резерви кон сите наоди во извештајот на Прибе.

„Лично чувствувам потреба да изразам резерва кон сите наоди во овој извештај кој ги има Прибе, бидејќи не е возможно, без разлика колку голем експерт сте, во седум дена да направите реална проценка на политичката и безбедносната состојба и притоа да дадете извештај за надминување на таквите состојби. Овој извештај е субјективен извештај направен врз субјективни искази на лицата кои биле предмет на соработка со оваа група“, рече Саздов.

Тој со став и дека парламентарниот надзор не профункционирал затоа што со комисиите претседавала опозицијата, која, како што рече, немала волја да изврши надзор врз институциите, бидејќи најголем корисник на илегално прислушуваните материјали била токму опозицијата.

Ернад Фејзулаху од ДПА истакна дека тајните служби ги следеле Албанците и дека за тоа зборува досието на лидерот на таа партија Мендух Тачи направено во 2003 година.

На седницата присуствуваа и експерти кои истакнаа дека проблем е што државата е контролирана од партиите и дека е неопходна ефикасна контрола над примената на посебните истражни мерки.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG